• Сподели на:

Сега и вие може да имате скриен базен во дворот

___

Ако некогаш сте сакале да имате базен во вашиот двор, но немате доволно простор, израелската компанија Agor ќе ве изненади со своите иновации во форма на базени кои буквално може да ги подигнете од земја со помош на хидраулика.

Инжењерите на компанијата смислиле практичен начин како во вашата градина да инсталираат  базен што на прв поглед ќе изгледа како под каде може да се застане. Во дворот компанија Agor може да вгради под, но не било каков. Овој под ќе може да се спушти во земјата, а водата автоматски ќе се полни во базенот.

Од компанијата Agor велат дека може да направат од мали базени до димензија на олимписки базен .

– Најчестиот проблем со отворен базен, пред се е безбедноста – изјавуваат дизајнерите на оваа компанија. – Agor е движечки систем, кој се придржува до строгите стандарди на безбедност, со уникатна способност да се подесува нивото на водата во согласност со потребите на  децата, или вашите пливачки способности.

Базенот се управува од хидрауличен систем врз основа на вода , која овозможува да го спуштите подот низ водата и гарантира максимална безбедност.

Amazing Secret / Hidden Swimming Pool – A Creative Engineering By AGOR


Оставете коментар

___