• Сподели на:

Седум одлични начини да престанете да го мрзите утрото

___

Можеби не сте утрински тип, но тоа не значи дека не можете да се промените и утрото да го направите поубаво од денот. Со мали трикови утрото можете да го направите многу подобро, дури и ако треба да станете и да почнете да се подготвувате за работа.

Покрај кафе, наутро фрлете поглед на цвеќе

Еволутивните психолози веруваат дека гледањето во цвеќиња и ратенија дава потсвесно чувство на сигурност, награди и ветувања.Затоа погледот на шарениот букет полн со бои лесно ќе ве увери дека се што носи денот ќе биде сјајно.  Ова тврдење го потврдува студијата на Harvard Medical School, под водство на психологот Ненси Еткоф, а која покажала дека жените кои наутро по будењето погледнале во цвеќе во текот на денот биле посреќни и на работа имале повеќе енергија.

Спиење на десна страна

Токму тоа ќе влијае на соништата. Турските истражувачи откриле дека луѓето кои имаат тенденција да спијат на десната страна имаат убави соништа, многу често со теми на олеснување, радост, мир и љубов. Лицата кои спијат на десната страна, исто така наутро се одморени и имаат повеќе сила во текот на денот. Имано, спиењето исклучиво на лева страна може да врши притисок на органите на таа страна од телото, како што се желудникот и велите дробови, а спиењето на левата страна најчесто предизвикува кошмари.

Напијте се чаша свежо исцеден сок од портокал

Чаша сок од портокал толку примамливо изгледа во утринските часови, а преполна е со витамини Б6 и фолна киселина. Недостаток на овие два елементи забележен е на пациентите кои страдаат од депресија. Исто така, една бразилска студија покажа дека мирисот на етерично портокало масло ја намалува анксиозноста.

Одете на спиење еден час порано

Ако го направите тоа, наутро ќе бидете повеќе одморени, побрзо расонети, оптимистични и полесно ќе ги поднесете секојдневните обрски. Според научниците, кога недоволно спиеме, имаме и помалку смисла за хумор. Всушност, за да успеете да сфатите било каква шега, потребно е да ги обработите добиените информации когнитивно и емоционално, а тоа е многу тешко ако ви недостига сон.

Направете 10 скокови

Ова е многу едноставна вежба. Почнете во чучњеви со рацете пред себе. Потоа поставете ги нозете како да сакате да направите склекови, а потоа брзо вратете ги назад во старата положба. На крајот со исправени раце скокнете нагоре колку можете повисоко. А потоа се од почеток. Оваа кардио вежбаќе ги разбуди мускулите и срцето, ќе го поправи вашето расположение и ќе го подобри сонот. Ако немате време за сериозно вежбање пред работа, ова е вистинско решение, бидејќи ви се потребни само неколку минути. Кога можете, вежбајте на отворено. Всушност, истражувањата покажуваат дека само пет минути вежбање во природа може да го подобри вашето расположение и да ви ја зголеми самодовербата.

Никогаш немојте да плачете пред спиење

Спиењето ги прави спомените поживописни и долготрајни, особено емотивните. Можеби е токму тоа еволутивен механизам  кој ни помага да научиме од тие искуства. Всушност, во едно истражување на луѓето им се покажувани вознемирувачки слики пред спиење, а испитаниците имале сериозни реакции пред и по спиење. Но, кога на испитаниците им е покажана вознемирувачка фотографија наутро и потоа во текот на денот, реакцијата била многу послаба.

Секс за добро утро

Нивото на тестостеронот, кој жените го имаат во помали количини, најголемо е во утринските часови. Со оглед на тоа, сексот наутро, исто така, го зголемува нивото на хормонот на заљубеноста, окситоцин. Уживајте во страста во утринските часови и ќе се почувствувате витални, свежи и поврзани со партнерот. Сексот го зголемува протокот на крв низ телото, дури и во мозокот.


Оставете коментар

___