• Сподели на:

Романтика помеѓу облаците: Авион за заљубени

___

Лас Вегас нуди нешто потполно единствено – права романтика помеѓу облаците.

Дали би сакале со својот партнер да уживате во романтичен лет со авион. Само вие двајца на удобен кревет полн со перници во облик на срце и омилениот пијалок, никој не ви смета, дури ни пилотот. Звучи одлично нели? Еден авион тоа може да ви го овозможи.

‘’Љубовен облак’’, како што се вика овој авион, нуди лет над Лас Вегас во траење од 40 и 90 минути. Веднаш штом авионот ќе полета, патниците може да ги напуштат седиштата и да се опуштат и да прават тоа што ќе посакаат.

Ружи, пенесто вино и чоколади исто така се во понудата, а патниците може да ја пуштат и својата омилена музика. Пилотот е изолиран и со слушалки заштитен од буката, па така приватноста на патниците е во потполност загарантирана.

Цената на картите за ‘’Љубовниот облак’’ е од 800 долари за две личности, а постои можност и за венчавка во овој авион.

23-490x326

43-490x350


Оставете коментар

___