• Сподели на:

Ризница на дијамантски приказни

___

Триста фотографии на елегантни дами и нивниот феноменален накит од брендовите Cartier, Van Cleef & Arpels, Harry Winston, но и други познати јувелирски куќи, ќе им го одземе здивот и на најрамнодушните читателки. Верувајте, пулсот се забрзува уште на првата страна!

  files

Британскиот издавач Thames & Hudson ја објави, во права смисла на зборот, раскошната книга „Накитот на 20от век & Стилските икони“ (20th Century Jewelry & The Icons of Style). Оваа едиција е збир од животните приказни на единствените жени на 20от век, нивните лични драми и колекции на накит составени од јувелирски ремек дела.

Авторите Стефано Папи и Александра Родос, двајцата меѓународни експерти за накит, ги откриваат приказните кои се стојат зад овие парчиња, но и зад цели колекции накит. Не само што успеале да го оживеат времето во кое овие жени живееле, туку и до најситен детал ги опишале драгите камења на најпрестижните јувелирници како што се Cartier, Van Cleef & Arpels i Harry Winston.

Книгата е ислустрирана со фотографии на кои накитот е во гро-план, како и фотографии од оригиналните скици за накитот. Исто така, во книгата можете да ги видите дамите кои всушност ги создадоа водечките фотографи на тоа време – Beaton, Horst и други.

Меѓутоа, оваа книга не е само сликовница. Авторите се фокусирале на описот на социо-културолошкиот феномен кој останал заборавен во минатото. Во нивниот центар на внимание се наоѓаат единаесет хероини (дами кои денес популарно би ги нарекувале it girls) и нивните приказни за страдањата, радоста и страстта кон накитот. Разведена Американка, а притоа сопруга на наследникот на британската круна – Војвотката од Виндзор; оперската дива Мариа Калас; член на високото друштво и наследничката на трговската империја Woolworths, Барбара Хатон; Мис Франција 1933 и сопруга на муслиманскиот лидер на Шиитите, Ивона Бланш Лабрус и други. Сите тие биле стилски икони на своето време.

Како што истакнува авторот на книгата, Стефани Папи, кој долги години работел во аукциските куќи Сотби и Кристис, во дваесеттиот век овие жени биле олицетворение на убавина и центар на богатството на тоа време. До нивната појава, ваквиот накит бил привилегија само на членовите на царските и кралските семејства.

 dijamant

„Јавно“ и  „друштво“ се клучни зборови за разбирање на овој феномен. За разлика од своите претходнички со аристократско потекло, овие светски убавици на новото време воделе раскошен живот пред очите на јавноста. Благодарение на впечатливите магазини, кои редовно објавувале фотографии од модерни дами, нивните дијаманти и рубини речиси станале сопственост на јавноста. Новиот, светкав украс секогаш се поистоветувал со одредени детали од биографијата. Тоа не биле животни приказни на лицата од фотографиите, овие приказни ги раскажувале златните карати.

И ден-денес, сите зборуваат за накитот со кој бизнисменот Џовани Менегини ја изненадил својата сопруга Мариа Калас на денот на нејзината премиера. Дебитантскиот настап на својата сакана, на операта La Traviata,  овој страствен љубител на опера го обележал со тијара од Harry Winston, која била украсена со дијаманти и сафири. Само три годнии по овој настан, сите зборуваа за новиот однос на оперската певица и нејзиниот додворувач – Аристотел Оназис. Како доказ за нивната страстна, но е не и среќна љубовна приказна, сведочи еден од многуте подароци кои грчкиот магнат и ги подарил на оперската дива. Тоа се обетки и брезлетна од корал, тиркиз, бисери и дијаманти од познатите Van Cleef & Arpels.

Единствена колекција на прстени и брошеви „пантер“ од Картие, и припаѓаат на сопругата на кралот на Велика Британија Едвард VIII, фаталната Волис Симпсон. Штета што во оскаровскиот филм „Говорот на Кралот“ не се ни споменува ова богатство. Меѓу драгоценостите „собрани“ во оваа книга е и кутијата на ексцентричната и необична Дејзи Фелоус, која била срцето на францускиот шик во тиесеттите години. Токму таа ја вовела модната тенденција камењата во боја да се вметнуваат во едно исто парче накит. Оваа дама имала, меѓу другото, огромен брош во облик на пеперутка, од француската јувелирница Boivin, инаку добро „позната во потесните кругови“.

Денес, изразот дека дијамантите се вечни, за жал е само фраза или неко сеќавање на минатото. Современите ѕвезди, во овој поглед се „фолиранти“. Повеќето од нив не чувствуваат потреба да имаат накит од бисери или дијаманти, бидејќи таквиот накит во јанчесто го изнајмуваат. На тој начин, поголемиот дел од овој безвременски накит, преку аукциските продажби добил нови и анонимни сопственици.


Оставете коментар

___