• Сподели на:

Распродажбите се добри за здравјето

___

Намалувањето на цените кај просечниот купувач доведува до подобро расположение, што се одразува на работата на мозокот, кардиоваскуларниот и респираторниот систем, заклучуваат научниците.

Британските научници спровеле изтражување и ги набљудувале нервните и физиолошките реакции кои се случуваат кај жената за време на распродажбите. После тоа, научниците ги споредиле разултатите со реакциите на жената во некој други ситуации.

Резултатите покажале дека успешниот шопинг доведува до ослободување на адреналин, забрзување  на работата на срцето и повисок крвен притисок, кое нашето тело го носи во слична состојба како и после физички тренинг.

Затоа слободно уживајте во шопингот и распродажбите и овозможете му на организмот позитивен шок.


Оставете коментар

___