• Сподели на:

Пролетно чистење на кујната: Кои намирници морате веднаш да ги фрлите

___

Доколку правите големо чистење на куќата, не заборавајте на кујната. Но не се ограничувајте само на чистењето на нечистотијата, исфрлете се она што е нездраво од фрижидерот и од плакарите. Сите намирници полни со сол, шеќери и масти под итно исфрлете ги.

1. Купените мусли – Поголемиот дел на купените мусли се полни со глутен и содржат шеќер или сирупи, а ништо од тоа на вас нема да ви донесе здрав почеток на денот. Проверете ги на пакувањето состојките и избегнувајте ги оние кои содржат додатен шеќер и емулгатор.

2. Бургери од соја – Вегетаријанските бургери кои постојат на пазарот се направени од процесирани верзии на соја, што значи може да се генетски модифицирани и многу алергентни.

3. Кус кус – Иако кус кус се смета за здрав бидејки нема масти, заситена маснотија ниту шеќер, оваа намирница нема ништо повеќе да понуди кога се во прашање нутриенти. Подобро определете се за киноу, кој е полн со протеини.

4. Готов дресинг за салата – Големиот број на дресинг се полни со шеќер, сол и вештачки состојки кои не се вредни за додатни калории. Покрај тоа, дресингот е многу лесно да го направите сами, потребно ви е само маслиново масло, лимон, бибер и оцет по избор.

5. Диетални намирници –  Се што е вештачко би требало да лета од вашата кујна. Тоа значи дека на се она што пишува диетално, немасно, со редуктиран шеќер, помалку калории, обично значи дека се заменети со нешто многу полошо како што се транс мастите. Ако не препознавате некоја состојка на пакувањето на некој производ, тогаш веднаш исфрлете го.

6. Млечни производи со додатен шеќер – Иако не се масни млечните производи добри за оние кои сакаат да намалат килограми, масноста во јогуртот и млекото е одлична за асимилација на витамин D кој помага во формирањето на здрави коски. Но внимавајте на вештачките состојки во одредени врсти на јогурт и млеко, како и на додатен шеќер во истите.


Оставете коментар

___