• Сподели на:

Прочитајте го по изборот на постелнина посилниот пол!

___

Каков избор на постелнина, таков маж!  Интензивните бои ги сакаат бунтовниците, неутралните-директните момчиња.

Неутрални или интензивни бои, сатенска или постелнина со ликови од стриповите, време е да го декодирате вашето момче, неговиот кревет ќе ви открие како навистина тој размислува.

par-1389190056-23624

Неутрална: Едноставен и јасен

Едноставната памучна постелнина во бела или крем боја укажува дека не е комплициран, туку директен. Можеби со него нема ди ги остварите сите ваши луди фантазии, но сепак ќе знаете на што сте.

 

Интензивни бои: Бунтовник

Неговиот избор е јака и силна сина боја. Тој не се плаши од експериментирање. Живата палета на бои покажуваат дека му е потребна добра стимулација, па врската со овој тип на мажи може да биде забавна, но и исцрпувачка.

 par-u-krevetu-1386870679-21930

Сатенска: Тежок за одржување

Ако се излежува на скапоцена постелнина од чиста свила или најдобриот египетски памук, јасно е дека на овој лик најголем приоритет му е да си угоди на самиот себе. Кога ќе се одвои од огледалото, тогаш ќе ви се посвети на вас.

Со ликови од стрипови: Вечно момче

Ако видите некој суперхерој, лик од стрип или спортска ѕвезда блиску до неговиот кревет (посебно на постелнината) имајте во предвид дека тој одбива да порасне. Накратко, во врска сте со тинејџер”.


Оставете коментар

___