• Сподели на:

Позади секој маж стои силна жена – вистина или лага?

___

Илјада пати сме ја чуле оваа изрека, но ова е прв пат за неа да размислиме малку подобро. Иако имаме одредени шовинистички размислувања (признаваме), овој пат направивме исклучок и на жените им го дадовме заслуженото признание бидејќи навистина – позади секој силен маж, стои силна жена. Освен, ако вие не се сложувате со тоа…

Можеме да ја славиме машката моќ и да го подигнуваме нашето машко его до небото, но на едно прашање мора да бидеме искрени – да не беа жените, сето тоа покажување и докажување би било бесмислено. Тие се како потврдување на нашиот успех, а и поддршка за нас, кога чекориме кон патот до него. Зошто?

Тие ни даваат самодоверба

Кога нашите одлуки ќе се најдат на удар на сомнеж и кога конструкацијата на самодовербата започне да попушта, на мажот му е потребен мотивационен стимуланс за да си ја врати вербата во себе.

Жените ги хранат нашите амбиции

Жените по правило ги привлекуваат мажи кои имаат јасни цели, големи амбиции и доволно енергија и решеност за остварување на своите планови. Жената која ги цени овие квалитети секогаш ќе биде поддршка за неговите идеи и непресушен извор на нови кога неговиот извор ќе пресуши. Нејзиниот маж секогаш може повеќе!

Тие се поддршка на нашето его

Жената не мора да биде поддршка на мажот само со нејзината креативност и силниот карактер. Таа може да му даде безрезервна емоционална поддршка, и со љубовта да направи тој никогаш да не застане на патот до успехот.

Јасно, љубовта е најголемиот двигател, но кога крај себе имате жена која ве сака и која е секогаш тука за да ве сослуша и посоветува, немојте да се грижите за вашата иднина. Сложниот тим секогаш победува.

Нè охрабруваат да ризикуваме

Дека ризикот е едно од клучните правила на успехот веќе утврдивме, но понекогаш е тешко да се ризикува повторно и повторно. И најсилните во еден момент ќе се посомневаат во себе, бидејќи не е секогаш лесно да се тежнее кон успехот.

Но, станува за момент полесно ако до себе имаме некој со кој ќе го поделиме ризикот и кој ќе додаде ветер во нашите крилја. Жената која секогаш е тука ќе умее да ги каже вистинските зборови кои ќе нè охрабрат.

Ќе обезбеди јавна поддршка

Жената која му се восхитува на нејзиниот маж, која верува во него и сфаќа колку е важна позитивната слика за него во секој момент ќе настојува таква слика да му претставува во општеството. Не, таа не е наивна ниту луда.

Таа добро ги знае сите негови маани, но исто така знае дека тие се дел од неговата приватност. Жената на успешниот маж во друштвото секогаш ќе го истакнува најдоброто од него.

Улога на просветлувач

Оваа улога на жените во машко-женските односи можеби најдобро го отсликува нејзиното значење во тој однос за нас мажите. По правило, мажите веројатно цел живот би го поминале во безмилосна трка за уште повеќе. Моќта е најголемиот машки афродизијак, тоа е тоа.

Но, благодарение на жените сфаќаме дека сепак не е сè во парите и дека трчајќи по нив пропуштаме многу значајни работи, најчесто недоволно поминато време со најблиските во фамилијата. Понекогаш кога работиме нешто, жените се тука да нè потсетат поради што го правиме сето тоа.

Тие го одржуваат семејството и домаќинството

На патот до успехот, во врската и бракот, најважни се добро поделените улоги и работи. За да бидете успешни во било што, неопходно е да имате стабилна основа. Познато е дека и најсилните градби се рушат поради лошите темели. Во овој случај вашите темели се куќата, домот и семејството. Ако тие не функционираат, нема да функционирате ниту вие.

Затоа е важно силната жена која ќе ви помогне после напорниот ден да се вратите онаму каде што припаѓате. Жената е таа која мора да биде темел на вашиот успех!


Оставете коментар

___