Дали често си препишувате негативни епитети? Можеби не сфаќате, но речениците кои ги изговарате може да делуваат погубно за вас.
Негативните мисли и фрази предизвикуваат негативни работи како за себе така и за луѓето во вашето окружување. За жал негативната енергија секогаш се враќа на оние кои ја емитираат, порано или подоцна.Тоа важи и за доброто кое го правите на другите луѓе – она што го давате тоа ви се враќа. Следи список на реченици кои свесно или несвесно ги изговарате, а кои содржат моќни зборови кои би требало внимателно да ги користите.
1.Глупава сум
На сите ни се случува во одредени моменти да не се сметаме доволно паметни да решиме одреден проблем. Меѓутоа тоа не е причина да си повторуваме на себе и на другите дека не сме доволно интелегентни.
Решение: Запомнете ја оваа реченица ‘’Паметна сум’’ или ‘’Сите сме паметни на свој начин’’. Затоа што тоа и навистина е така.
2.Не го заслужувам она што го имам
Кој вам ви кажал дека не заслужувате нешто? Ако тоа бил вашиот родител, дедо или некој скептичен вујко… или било кој друг, не го слушајте. Најверојатно таа личност е незадоволна од себе во тој момент. Секако дека ги заслужувате сите добри работи и материјални добра кои животот ви ги понудил.
Решение: Запонете ја оваа реченица ‘’Ги заслужувам сите добри работи”. Погледнете околу себе. Имате храна во ладилникот? Имате повеќе од еден пар обувки во вашиот орман? Уживајте во сите материјални работи, бидејќи вие сте ги заслужиле!
3.Сама сум
Можеби се чувствувате осамено во моментот, но на оваа планета има неколку милијарди луѓе и никако не сте сами, сигурно постои некој за вас, било тоа да е пријател или сродна душа. Можеби во моментот не се дружите со луѓе со кои во минатото сте биле блиски, ама тоа е моментално. Секако постои некое решение за тоа.
Решение: Заменете ја реченицата ‘’Сама сум’’ со реченицата ‘’Добар пријател сум”. Излезете, започнете со некои активности, запознавајте луѓе, стекнете нови пријатели.
4.Не заслужувам љубов
Ако сте раскинале со момчето или ве мачат некој несогласувања со некој член на семејството, пријател, можеби мислите дека тоа е ваша вина. Луѓето доаѓаат во вашиот живот, но за жал некој од нив си заминуваат. Заминувањето на некои луѓе може да биде добро за вас. Не ви се потребни луѓе кои ви носат негативна енергија во вашиот живот.
Решение: Заменете ја оваа негативна реченица со реченицата ‘’Симпатична сум и заслужувам љубов’’. Направете нешто убаво за себе, израдувајте се со некој подарок. Прво засакајте се себеси, па потоа и другите ќе ве засакаат.
5.Не сум доволно добра
Многу луѓе се чувствуваат дека не се доволно добри во разни работи. На пример не ви успеал бизнисот кој сте го започнале. Во ред е, на сите ни се случуваат неуспеси, тоа е составен дел од животот. Наместо да се прекорувате поради тоа, дајте си признание што сте имале храброст да го започнете тоа.
Решение: Заменете ‘’Не сум доволно добра’’ со ‘’Доволно сум добра’’. Сетете се кога сте добивале големи пофалби- од шефот, на пример. Неуспехот се случува постојано, научето го тоа.
6.Немам надеж
Можеби се чувствувате дека сте во безизлезна ситуација,но и тоа ќе помине.Верувале или не, имате повеќе сила одколку што мислите. Можете да го промените својот живот на подобро, само доколку имате надеж.
Решение: Заменете ја оваа негативна реченица со ‘’Имам надеж за се’’. Дури ако сонцето во моментот не свети за вас,тоа свети негде, што значи ќе дојде и до вас.
7.Без пари сум
Недостатокот на пари се случува многу често, скоро на сите луѓе во светот. Помислете само дека некои луѓе немаат ни половина од тоа што го имате вие, сепак некако живеаат. Парите доаѓаат и си одат тоа е потполно нормална работа. Запoмнете дека за парите е потребна енергија и тоа онаа позитивната. Повикајте ги со позитивани мисли и работа. Научете како да заштедите или да дојдете до подобра заработувачка.
Решение: Наместо ‘’Без пари сум’’ речете си ‘’Живеам во изобилие. И парите доаѓаат до мене’’. Се што посакувате достапно ви е ако верувате. Секако треба да верувате дека тоа и го заслужувате.
8. Стара сум
Изгледа дека сите се окупирани со идеатa дека треба вечно да бидат млади. Младоста не може да се задржи. Стареењето е природен процес во животот. Треба да прифатите дека нема вечно да бидете млади физички, а психички- тоа веќе зависи од вас.
Решение: Заменете ја реченицата ‘’Стара сум’’ со ‘’Одлична сум, баш таква каква што сум’’. Млади сте се додека се чувствувате така. Проблемот е во духот, не во изгледот.
9.Не сум талентирана
Сите имаме талент. Некои таленти одма се приметуваат, додека за други е потребно време. Талентот е во вас, само е прашање кога ќе го откриете.
Решение: Речете си ‘’Талентирана сум и со својот талент ќе им помогнам на другите’’. Направите листа на таленти кои можеби ги поседувате и почнете да ги развивате.
10.Некој ме проколнал
Што претставува всушност клетвата? Во детството сигурно сте слушнале од својата мајка ‘’Чудни работи ми се случуваат, сигурно некој ме проколнал’’. Во ред е во детството да верувате во тоа. Но како возрасна личност, сами можете да донесете заклучок зошто нешто се случило ,а не да ја обвинувате магијата за тоа.
Решение: Кажете си ‘’Благословена сум и заштитена’’, наместо да ја спомнувате клетвата. Имате работа? Вие сте благословени. Ве сака семејството и пријателите? Па вие сте среќна и благословена.Фокусирајте се на добрите и позитивните работи околу себе, заборавете на лошите.



You must be logged in to post a comment Login