Фејсбук сака да го обедини светот за да може секој да зборува за се, но се покажало дека една од работите кои луѓето често сакаат да ја зборуваат е – оружје. Социјалната мрежа е една од најголемите продавници за оружје. „Имаме повеќе од 550 парчиња оружје и бараме купувачи“ гласи еден од огласите.
Под притисок на законот, Фејсбук превземале одредени чекори за да се регулира продажбата на оружје на нивните страници, како и на Инстаграм. Страниците кои огласуваат продажба на оружје мора да се ограничат од малолетниците.
„Нашата цел е да се урамнотежат интересите на луѓето кои сакаат да споделуваат работи, а притоа да се запази заедницата да е сигурна и одговорна“ вели МетСтеинфилд, претставникот на Фејсбук.
Меѓу специфичните промени кои ги воведува Фејсбук е бирање на постовите кои се обидуваат да го избегнат законот за оружје. Тоа ќе ги ограничи малолетниците кои ги гледаат страните за продажба на оружје.

You must be logged in to post a comment Login