Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____лајфстајл features

Постојат вонземјани? Откриена е нова планета Земја

Неименувана планета која е 1,1 пати поголема од Земјата, е откриена во орбитата околу неидентификувана ѕвезда во нејзината таканаречена зона Златокос, регион каде животот е можен. Сепак, детални податоци за новооткриениот ѕвезден систем ќе бидат претставени покасно оваа година.

Nove-planete-Kepler-2

Се чини дека не сме сами! Астрономот Томас Баркли од истражувачкиот центар НАСА во Калифорнија, откриле планета скоро со иста големина како Земјата на која е можен животот.

Баркли дошол до ова откритие користејќи податоци собрани од страна на вселенскиот телескоп “Кеплер”.

Неименуваната планета е откриена како орбитира околу неидентификувана ѕвезда во таканаречената зона Златокос, регион кој емитува доволно енергија, светлина и температура за постоење на вода на површината и услови за живот.

Nove-planete-Kepler-3

Своето откритие, Баркли го презентираше на професионалната конференција “Во потрага по живот надвор од сончевиот систем” во Аризона.

Со помош на фотографиите од “Кеплер”, тој успеал да пронајде нов сончев систем кој се состои од пет планети кои орбитираат околку М1 џуџеста ѕвезда.

“М” ѕвездите се многу помали и послаби од нашето Сонце и не се доволно светли за да се видат со голо око.

starshade20140320-6401

Познати се како “црвени џуџиња” и сочинуваат 70% од сите ѕвезди во галаксијата, а се разликуваат по големината. Во споредба, нашето Сонце е “Г џуџе”, а такви се само 5% од Универзумот.

Иако досега се откриени неколку планети кои се слични на Земјата, неименуваната планета на Баркли по големина е најблиска до нашата. Сепак, подетални податоци за новооткриениот ѕвезден систем ќе бидат откриени покасно оваа година.

Во 2009 година НАСА го лансираше телескопот “Кеплер” со цел да бара планети кои личат на нашата.

Nove-planete-Kepler-4

Откако е лансиран, овој телескоп кој доби име по германскиот астроном Јохан Кеплер, го потврди постоењето на 135 планети надвор од Сончевиот систем, но пронајде и уште 3500 кандидати за планети.

Инаку, НАСА оваа година почна со развој на вселенско летало “Сончоглед”, кое ќе помогне во потрага по планети кои се слични на Земјата, односно на кои е можен живот.

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...