Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____лајфстајл features

Последните зборови на големите луѓе кои никогаш нема да бидат заборавени

Големите луѓе неможат ниту да умрат со мала смрт. Тие како да мораат и во она потполно непознато да зачекорат со голем стил и позаади себе за крај да остават реченица која ќе ги прати со децении и со векови откако ќе го напуштат овој свет.

Обично се најдобри тие што се кратки и јасни, оние кои удираат право во метата, они кои се толку едноставни кои нас во момент можат да се соборат од нога и да не натераат да ставиме прст на чело. Но и сите изјави не се баш такви.  Ќе почнеме со духовитите.

Последните зборови на американскиот актер Џим Харкинс биле: Сакам да умрам мирно во сон, така како што починал и мојот дедо. А не да викаат од ужас како патници на неговиот автобус”.

Спајк Милиган, британски комичар рекол: Убаво ви кажав дека сум болен.

Ни Хемфри Богарт кога бил соочен со смртта не можел да биде сериозен, па на својата сопруга и на своите деца им рекол: Не трбаше да прејдам од виски на мартини.

Американскиот издавач Ендрју Бредфорд рекол: Боже, прости ми на печатните грешки.

poslednite zborovi na golemite luge 5

Подеднакво духовит бил и познатиот француски граматичар Доминик Бур: Сега ќе умрам, или ќе умрам: и едното и другото е исправно.

На смрт осудениот убиец Џејмс Роџс како последна желба побарал панцир, додека друг Џејмс Доналд Френч пред да биде ликвидиран на електрична столица рекол: Што мислите  за насловна страна за утре: помфрит (French Fries), што е неверојатна игра на зборови бидејки помфрит на англиски се пишува frenc fries што во буквална смисла значи Френч пржениот.

poslednite zborovi na golemite luge 4

Последните зборови на генералот Џон Сеџвик во 1864 во тек на американската граѓанска војна биле: Од оваа далечина не би можеле ни слон да погодите.

Меѓутоа, не сите биле духовити. Рускиот цар Петар Велики на смрт рекол: Дајте се… но не ја завршил реченицата и не знаеме на кој се требал да даде.

Сократ на смртната постела се грижел само за враќање на долговите, па така го потсетил Аслепиј да го врати на Крит петелот наместо него.

poslednite zborovi na golemite luge

Бившиот американски претседател Џон Квинси рекол: Ова е се од земја! Задоволен сум!.

Легендарниот музичар Џејмс Браун бил прилично пророчки настроен па така изговорил: Си одам вечерва, слично како Нострадамус кој рекол: Утре нема веќе да сум овде.

Изјавата на Џон Ленон била очигледна: Застрелан сум.

Сид Вишиз, фронтменот на Секс Пистолс ја напишал на смртна постела својата последна желба која гласела: Имавме пакт со смртта, морам да го исполнам својот дел од договорот. Затоа ќе ве замолам да ме закопате покрај мојата сакана. Закопајте ме во нејзината кожна јакна и фармерки. Збогум… Неговата сакана била Ненси Спанџен, за чие убиство тој бил оптужен. Бидејки таа била еврејка, неможел да биде закопан до неа на еврејските гробишта.

Салвадор Аљенде пред да го стави својот пиштол на својата глава рекол: Ова се моите последни зборови и сигурен сум дека мојата жртва нема да биде залудна. Сигурен сум дека ќе биде барем морална лекција која ќе го казни злочинот, кукавичлукот и предавството.

poslednite zborovi na golemite luge 3

Наполеон рекол: Умирам пред своето време, а моето тело ќе се врати на Земјата. Таква е мојата судбина, оно кој го викаа Големиот Наполеон, каков амбис лежи помеѓу мојата сегашна мизерија и вечното кралство Христово.

Алфред Хичкок бил скептик до крај: Човек никогаш не го знае својот крај, човек мора да умре да би видел што се случува после смртта, иако католиците имаат свои надежи.

Буда советувал: Работи напорно на своето спасение, а за Исусовите последни зборови постојат три верзии.

Салвадор Дали рекол: Не верувам во својата смрт. Додека пак францускиот строном Пјер Симон де Лапитас рекол: Она што го знаеме не е многу, она што не го знаеме е преголемо.

Конечно, американскиот свештеник и политичар Хенри Орд Бичер ги изговорил следните зборови: Сега доаѓа мистеријата.

Би сакале на нив симболично да го завршиме овој текст, но не можеме – кога сме веќе кај мистеријата.  Но што рекол Алберт Ајнштајн? Бидејки човекот изговорил нешто на германски, а американската негувателка знаела само англиски, никогаш нема да зснаеме што рекол еден од најголемите научници на дваесетиот век.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement