• Сподели на:

Поради ова никако да ви тргне во животот

___

Држењето за некое уверување кое сме го стекнале во детството може секако да наштети во подоцнежните години. Но понекогаш се случува тоа уверување да ви е толку длабоко всадено да не можете да се тргнете од него. Но ако познаете дека тоа е лага, можеби е подобро да им свртите грб и да зачекорите во нов живот. Еве неколку свесни и несвесни уверувања кои можеби ги негувате а поради нив никако да ви тргне во животот.

 

Верувате дека мора да бидете совршени – Превисоките очекувања може да ви го убијат духот. Едноставно не е можно секогаш да се да оди совршено. Желбата за совршенство може да фрустрира дури и да ве одведе во депресија. Ослободете се од потребата да бидете совршени и ќе додадете на својот живот уше некоја среќна година.

 

Верувате дека на сите морате да им удоволувате – Не можете и нема секогаш да им удоволувате на сите. Направете најдобро што можете и помогнете им на другите, но немојте да мислите дека е на вас сите да ги направите среќни. Единствената особа која морате да ја правите среќна сте само вие.

 

Верувате дека не можете да ги остварите своите соништа – Кога сте биле мали, што ви бил најголем сон, да бидете глумец, готвач, доктор…..Соништата и желбите не одржуваат нас во живот. Кој вели дека не можете да тргнете во остварувањето на соништата. Пробајте да се сетите што сте сакале кога сте биле мали. Можеби вашите соништа се многу блиску до реалноста, поблиску отколку што мислите.

 

Мислите дека морате да останете на работа која не ја сакате –  Постои можност да имате неколку кариери во животот. Иако во време на економска криза не изгеда така, треба да имате на ум дека шансите не се случуваат сами по себе, туку се прават. Но ако имате работа која не ја саскате, мислите позитивно. Барем имате примања. Во исто време размислете што понатаму, направите листа на интереси и смалете ги на топ пет. Направете се што можете и пробајте да направите шанса за подобра работа.

 

Морате да ги трпите луѓето кои ви ја црпат енергијата – Вистина е дека пријателите и роднините можат да бидат токсични. Иако можеби сте свесни за нивните мани и пробувате да ги прифатите, ви ја исцицаат позитивната енергија и животот. Таквите луѓе се нарекуваат емоционални и енергетски вампири. Пробајте да ги сакате и да ги разбирате од дистанца, а вие опкружете се со луѓе кои креативно влијаат на вас.

 

Верувате дека морате да бидете се за секој – Кога би се однесувале така, едноставно ќе доживеете колапс. Помогнете на луѓето кога ќе можете, но немојте да допуштите да ве вовлечат во своите проблеми. Понекогаш можете да кажете и дека нешто не можете да направите.

 

Мислите дека не можете да имате свој бизнис –  Ако имате идеја, сон, храброст можете да имате свој бизнис.Но за тоа треба време, трпение и секако финансии за да вложите. Консултирајте се со успешни луѓе, предузимачи, направете финансиски план, одредете пазар на кој целите. Пробајте, бидејки ако не пробате секогаш ќе жалите што не сте пробале.

 

Мислите дека морате да ги следите останатите – Се носат со тесни фармерки и мислите дека и вие морате да носите такви. Не морате. Пријателот кој пуши, не морате и вие. На вас е да одредите она што вас ве интересира и што е најдобро за вас. И пред да донесете некаква одлука, помислете на последиците. Секогаш имате избор за пригаќање или одбивање на некој совет или сугестија. Самите сте одговорни за својот живот и самите си ги сносите последиците од своите одлуки.

 

Мислите дека секој мора да ве сака – Вистина е дека секогаж ќе постои некој кој нема да ве сака. Можете да бидете најубава, најдрага, најмила особа, но тоа не ви гарантира дека луѓето ќе ве сакаат. Наместо да анализирате зошто вас некоја особа не ве сака или не ве третира убаво, посакајте и се најдобро и продолжете напред по својот пат. Освен тоа, зошто би сакале да видете со некој кој не сака да биде со вас. Опкружете се со луѓето кои ве сакаат и кои за вас значат потпора.


Оставете коментар

___