Британска тинејџерка доживеала голема непријатност кога заглавила во шахта на една прометна улица додека се обидувала да го дофати мобилниот телефон кој случајно и паднал од рака.
Ела Бичено (16) случајно ги испуштила телефонот додека го вадела од џеб. Веднаш скокнала во шахтата и се обидувала да го спаси, но тогаш сватила дека е полесно да влезе во неа отколку да излезе.
Минувачите го искористиле овој момент и го фотографирале нејзиниот проблем. Кога нејзината мајка стигнала на местото, веднаш повикала пожарникари за да и помогнат да излезе.
Не бев ни целосно заглавена, само беше потребно некој да ми помогне, но мајка ми се испаничи – изјавила Ели.
И покрај обидите на пожарникарите да го спасат телефонот, тој сепак е загубен засекогаш.


You must be logged in to post a comment Login