Според сајтот The Real Deal кој се занимава со недвижнини, познатиот гитарист на Ролинг Стонс, купил пентхаус во Менхетен на петата авенија, за 10.5 милиони долари!
Новиот апартман на Кит, има четири огромни соби, плу четири масивни купатила, додека комплетната целина е поделена на три посебни дела, кои нудат доволна доза интима на Кит и неговата сопруга Пати Хансен.
Пентхаусот кој се води како дуплекс е доста простран, практичен и осветлен, со ефективен ентериер и без кич детали кои можеби очекувавме да ги видиме.
Овој луксузен стан со три прекрасни тераси стои на продажба уште од декември 2012 година. Тогаш апартманот беше проценет на 15 милиони долари.












You must be logged in to post a comment Login