Една исклучително ретка порцеланса шоља, која била направена во периодот на кинеската династија Минг (1368 – 1644), следниот месец ќе биде објавена на аукција во Хонг Конг. Проценетата вредност и е околу 30 милиони долари!
Оваа раритетна, а со самото тоа и многу драгоцена “пилешка шољичка” од периодот на Ченгухуа, кога врвните кинески мајстори создавале предмети од порцелан, се очекува да биде продадена на “Sotheby’s” аукцијата за вредност измеѓу 25,6 и 38,5 милиони американски долари! Сепак, таа е само една од четирите вакви зачувани шољи во целиот светот!
– “Имаме исклучителна привилегија и чет да на нашата аукција ја понудиме оваа легендарна “пилешка шољичка”, посебно затоа што сме сигурни дека ќе го сруши претходниот рекорд во вредност на кинеска уметност поставен 1999та година. Уште во времето на династијата Минг, кога овој сет бил направен, “пилешките шољички” од периодот на Чингхуа биле многу пофалувани и ценети, како од страна на познавачите на уметност, така и од страна на самите кралеви.” – вели Николас Чау, заменик директор на аукциската куќа “Sotheby’s Asia” и додава: “Кога се зема предвид нивната екстремна реткост, по дефиниција тие ќе станат скапоцени за било чива колекција на кинески порцелан”.






You must be logged in to post a comment Login