• Сподели на:

Палецот открива какви сте во љубовта

___

Верувале или не должината на вашите палци може да открие многу за вашиот живот вклучувајќи ги тука и љубовните врски. Сè што треба да направите е да го анализирате соодносот помеѓу двата дела.

Кога втората половина од палецот е поголема од првата

Ако вашиот палец го има овој сооднос тогаш вие сте сигурна и доверлива личност. Лесно ги забележувате нештата и секогаш имате објективен пристап. Дејствувате полека и уживате во она што го правите. Лесно е да ги испуштите можностите, затоа што преферирате реакција, отколку иницијатива.

Првата половина и втората половина се иста должина

Прагматични сте и немате проблем во тоа да ги планирате нештата и да останете смирени под притисок. Понекогаш луѓето ве доживуваат како енигматска личност која без разлика на сè одлично знае како да ги сокрие своите чувства и намери.

Првиот дел од палецот е подолг од вториот

Доколку првиот дел од палецот е подолг од вториот лесно се вљубувате. Кога сакате некого едноставно заборавате на се околу себе и се посветувате само на саканата личност. Ако некој ве повреди тогаш мошне тешко го сфаќате тоа и имате тенденција долго да патите.


Оставете коментар

___