Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____лајфстајл features

Овие едноставни чекори ќе ви помогнат да постигнете внатрешна убавина

Можеби физичката убавина е таа која привлекува на прв поглед, но она што задржува е убавината што ја носиме одвнатре. Доколку сте позитивна, среќна, насмеана и задоволна личност тоа се одразува на вашата природна физичка убавина.

Никогаш не заборавајте да обрнете внимание на грижата за вашата внатрешна убавина, а тоа можете да го направите преку следниве едноставни чекори:

1. Прифатете се себе си. Животот е премногу краток да го трошите на критикување, особено доколку тие критики се наменети кон себе. Прифатете се онакви какви што сте и само така ќе бидете прифатени од околината

2. Бидете благодарни. За секоја ситница, за секое утро, за секое ѕвездено небо, за секој ручек и за уште илјадници ситници бидете благодарни. Не заборавајте, што и да тргне наопаку ќе биде искуство плус во вашиот живот.

3. Разбудете го детето во вас. Без разлика колку години имате, во ред е да бидете детинести некогаш. Вратете си ги детските особини на радост, невисност и безгрижност.

4. Грижете се за останатите. Штом некому помогнете и вашата емоционална состојба значително ќе се промени. Секогаш грижете се за вашите блиски и покажувајте им колку неизмерно ги сакате.

5. Бидете вљубени. Но не само кон партнер/парнерка, туку заљубете се во себе, заљубете се во природата и заљубете се одново во вашата работа. На тој начин ќе постигнете душевен мир и сите останати проблеми ќе станат капка во морето на безгрижност.

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...