Роузи Хантингтон-Вајтли за новиот јапонски број на „Вог“ позираше како барбика. Облечена во брендовите на “Moшино”, “Долче и Габана”, “Версаче” и “МИУ МИУ”, овој прекрасен модел покажа уште еднаш зошто државата се одлучи токму за неа.
Во последно време се појавуваат многу девојки кои личат на познатата кукла, додека Роузи успева во тоа без мака. Ана Русо, уредник на јапонскиот “Вог” се одлучи нејзината сличност со Барби да ја овековечи во новиот број на списанието.
Џереми Скот, кој за “Moшино” креираше колекција инспирирана од најпопуларните кукла во светот, ја врати Барби повторно во мода.
Овој тренд одлучиа да го следат и многу други брендови, кои создадоа облека во розова боја, која ќе одговара на оваа позната кукла.
Русокосиот модел беше облечен во облека со бренд “Moшино”, “Долче и Габана”, “Версаче” и “МИУ МИУ”, додека позираше за Џанпаоло Сгуру.





You must be logged in to post a comment Login