• Сподели на:

Ова се 19 работи кои сакате, а можете да ги направите и без мобилен телефон

___

Во нашето општество опседнато со технологија, нашите телефони од моментот кога тргнуваме од куќата станати се неопходни скоро исто како и паричниците. Многумина паничат кога го забораваат телефонот. А што би можеле да направиме кога намерно би ги оставиле дома? Еве што.

СЛИКАЊЕ

Зарем би сакале водените бои да се истурат на телефонот? Пред големите апликации за цртање, платното и боите се незаменливи. Вратете им се – ако секојдневно сликате, можеби ќе го намалите нивото на стрес и анксиозност.

ДРЕМКА БЕЗ АЛАРМ

Студиите покажаа дека држењето на телефон покрај главата може да ви го поремети сонот. Спијте додека ви се спие.

ТРЧАЊЕ БЕЗ МУЗИКА

Наместо да слушате музика, уживајте во звуците на природата. Покрај тоа, ќе бидете свесни за тоа што се случува околу вас и заштитени од непредвидени ситуации (бидејќи не го слушате звукот на автомобилот кој во доаѓа шпозади грб ако слушате музика).

ДРУЖЕЊЕ СО ЉУБИМЕЦ НАМЕСТО ГЛЕДАЊЕ СНИМКИ ОД ЉУБИМЦИ

Лесно е да се смеете на смешните снимки на љубимци, но подобро ќе биде ако во живо се дружите со својот љубимец. Неодамна објавена студија покажа дека 20% од сопствениците на љубимци повеќе сакаат да гледаат снимки отколку да си играат со љубимците. Играјте си со љубимците некое време – истото истражување открило дека тоа го намалува стресот.

ОДЕЊЕ ВО КИНО И ТЕАТАР

Престанете да гледате се на својот телефон и излезете сами или со пријатели во кино или театар. Ќе видите колку е поразлично чувството.

ЗАПИШУВАЊЕ НА ХАРТИЈА

Студиите открија дека запишувањето на работи поради кои сме благодарни има големо влијание на општата среќа, а физичкиот акт на запишување може да ви помогне да учите подобро. Наместо да куцате во телефонот, вратете се на старомодниот начин.

ОДЕЊЕ НА ПРОШЕТКА

Одете на прошетка без телефон. Можеби некој ќе ве побара? Нека ве бара, а вие одморете се во природа.

КУПУВАЊЕ ПО РЕЦЕПТОТ НА БАБА

Рецептите на интернет воглавно се добри, но најповерлив рецепт е оној чиј финален производ сте го пробале. Рецептот на баба секогаш е најдобар (и најтопол).

ОДЕЊЕ НА ВЕЧЕРА СО ПРИЈАТЕЛИ

Во храната треба да се ужива, а не само да се поставува на инстаграм. Следниот пат кога ќе излезете на вечера со пријателите, договорете се да не користите телефони и да си играте со нив „кој прв ќе го допре телефонот ја плаќа цела сметка“.

ЧИТАЊЕ (ХАРТИЕНИ) ВЕСНИЦИ

Секако дека со интернет вестите ќе стигнат побрзо, но хартијата е хартија.

ПОПОЛНУВАЊЕ ЕНИГМАТИКА

Кога сте веќе тука, можете да режите и крстозбор или судоку наместо да играте некоја игрица на телефонот.

ЧИТАЊЕ ВИСТИНСКА КНИГА

Читањето е неверојатно добро за мозокот. Впуштање во добра приказна може да го намали нивото на стрес, да спиете подобро и да бидете поемпатични.

ОДЕЊЕ НА БЕСЦЕЛНО ВОЗЕЊЕ

Седнете во автомобилот и извозете се без цел и без ГПС.

ЛИСТАЊЕ НА СТАРИ АЛБУМИ

Оставете ги албумите од телефонот и од Facebook. Листајте вистински албуми со изработени фотографии, сами или со мајка ви. Потсеќањето на минатото може да ви пробуди оптимизам, бидејќи го подига самопочитувањето.

МЕДИТАЦИЈА

Наместо да пуштите смирувачка музика и работите нешто десетто, стишајте го телефонот и впуштете се во медитирање. Медитацијата може да го ублажи стресот и да го зајакне имунолошкиот систем.

ОДЕЊЕ НА ПИЈАЧКА СО СТАР ПРИЈАТЕЛ ИЛИ КОЛЕГА

Најдете се со некој со кој долго време не сте се виделе. Сигурно ќе имате еден на друг што да си раскажете, а телефонот нема ни да го приметите кога ви е занимливо во нечие друштво.

ГЛЕДАЊЕ НА ИЗЛЕЗОТ ИЛИ ЗАЛЕЗОТ НА СОНЦЕТО

Само гледајте го излегувањето или заоѓањето на сонцето и немојте да фотографирате, бидејќи така, во желбата да „го фатите моментот“ ќе си го прекинете задоволството.

ДЕН СО ФАМИЛИЈАТА

Поминете го денот со своите родители или со своите деца. Према едно истражување, општествените врски луѓето ги коѓтаат 131.232 долари годишно земајќи го во обзир нивото кое го добиваме од нив.

СЛОЖУВАЊЕ НА ВИСТИНСКА СЛОЖУВАЛКА

Сложувалката не е ефтина, но уживањето во сложување на вистинска сложувалка неможе да се спореди со сложување на сложувалка на телефон.


Оставете коментар

___