Еден холанѓанец од 2002 година, до денес направил дури 98 деца. Меѓутоа, он не е вообичаен донатор на сперма, туку тоа го прави на стариот начин – со СЕКС!
Холанѓанецот Ед Хаубен (44) има до тој степен плодна сперма да за 12 години успеал да остави бремени 98 жени кои не можеле да имаат деца. И тоа верувале или не, не со вештачко оплодување, туку со класичен секс.
Како го започнал сето тоа? Бидејќи со години не успеал да си пронајде девојка со која ќе ја изгуби невиноста, Ед долго бил донатор на сперма. Меѓутоа, кога во Холандија е донесен закон, донаторите да мора да бидат анонимни, одлучил своите услуги да ги понуди на традиционален начин. Тој не сака да користи работи како што се чашки за сперма и шприц за оплодување, туку тоа го работи како што природата налага, со алатот кој му го подарила.
-Луѓето најверојатно за мене мислат дека сум маж кој во вистинската смисла на зборот имам “секс без обврски”, но јас сум единствена личност на која можат да и се обратат за помош, тогаш кога ништо друго не функционира, кажува Ед.
Тој ја напуштил својата постојана работа, се преселил во селска куќа во северозападна Германија, од каде на интернет го рекламира својот бизнис. Помага на сите, лезбејки, самци, мажени жени, односно на сите оние за кои гинеколозите и останатите сручњаци за плодност ги отпишале од листата дека можат да имаат потомство.
Тој себе си се опишува како “милосрден донатор на сперма” бидејчи за своите услуги не наплаќа ни цент. Во просек спие со 15 жени месечно.
Ед има и фотографии од сите свои деца кои до сега ги направил, а има креирано и своја листа на потомци, на кои подоцна во животот ќе им помогне да не направат инцест и да се заљубат во личност која им е полубрат или полусестра.
Еден ден Ед се надева дека ќе ја запознае жената на својот живот и дека ќе има свои деца.