Алексис Шапиро (12) е девојче од Синсинати, Охајо, САД, која има редок облик на гојазност и постојано чувствуав глад.
Кога нејзината тежина достигнала 90 килограми, лекарите предложиле итна операција со која би вградиле бајпас на желудникот, меѓутоа, не успеале да го извршат зафатот бидејќи јетрата била преголема.
Симптомите кај ова девојче прв пат се појавиле во 2011 година, кога и е одстранет бениген тумор на мозокот.
За време на отстранување на туморот, хипофизата и била оштетена, што влијаело на начинот на кој нејзиното тело ги перцепира сигналите за глад од дигестивниот систем.
Операцијата која е во план, е за намалување на јетрата, за подоцна да може да се вгради бајпас. Лекарите веруваат дека ќе успеат да и помогнат, но сепак таа сеуште е во тешка ситуација.



You must be logged in to post a comment Login