Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____лајфстајл features

Откријте што индискиот хороскоп кажува за вас!

Откријте кое е вашето место во сидералниот зодијак, а потоа прочитајте што индиската астрологија кажува за вас.

Освен ако не сте астролози, мал број на луѓе знаат дека постојат две различни форми на астрологија кои денес се практиквуаат во светот. Едната е таканаречена “западна астрологија” и се основа на тропскиот зодијак, а се користи во Европа, Америка, Австралија, и голем дел од Африка, и тоа е астрологијата која во главно ни е позната нас.

Другата, која се основа на сидералниот зодијак, и се користи главно во источните земји како што е Индија. Оваа “Источна” Хинду, или ведска астрологија за својата основа го користи сидералниот зодијак.

pisces-ocean

Наш знак – Овен, во индискиот хороскоп, Меша – владетел на Марс ( 15. април – 15. мај)

Духот на сонцето кој е желен за внимание а владее во Овенот, сака да биде прв во се, оригниален пронаоѓач на нови идеи, иницијатор и освојувач. Во знакот во кој владее амбициозност и борбеноста на Марс, може да биде крајно себиче, но и до крајност искрен. Во добар аспект брилијантен херојски витез, 100 проценти ориентиран на победа, војна или спорт.

Подзнак Овен : Ова се доста активни луѓет, атлетски градени, природно ориентирани за успех заради развиениот натпреварувачки дух, емоционално врзани за мајката, машките имаат во главно убави жени и среќен братл, но во него имаат доминантна заштитничка улога. Во кариерата ги очекуваат сопки, кои преку систематски напор можат да ги надвладеат.

Наш знак – Бик , во индискиот хороскоп, Вришабха – владетел Венера ( 16. Мај -15. Јуни)

Духот на сонцето сака да биде во материјалниот домен на богатството, убавината, друштвената хармонија и сензуалните задоволства. Конформист и склон кон пороци во потрага по задоволства, но и поседува талент за финансии.

Подзнак Бик : Ова се доста темелни и практични личности, врзани за земјата. Моментално се врзани со создавање пари и богатство, но среќата во таа област може да биде превртлива. Имаа интелегентни деца, но бидејќи се стално на некоја работа и опседнати со пари, тоа може да биде причина да ги запостават. Бракот во овој случај почнува со страст, а подоцна преминува оптеретување и  компромис бидејќи нема вистински заеднички живот.

Наш знам – Близнаци, во индиски хороскоп Митуна – владетел Мерку ( 16. Јуни – 15. Јули )

Духот на сонцето сака да биде во центар на комуникацијата, дебатата и размена на мислење. Сонцето во знакот на Меркур добива талент за познати јавни личности, политичари или идеолози кои со својот наратив успеваат да уверат во исправноста на своите погледи. Моментално фокусирани и секогаш зафатени луѓе.

Подзнак Близнаци : Овие особи сакаат да одат во десет различни насоки и во сите десет да успеат. Мајката акумулира богатство, но финансиски се подложни на подеми и падови. Комуникацијата е одлична, успешни се во масовни медиуми. Партнерот е доста филозофски и идеалистички настрое, но без страст. Дисциплиниран и долг живот.

Наш знак – Рак, во индискиот хороскоп Карката – владетел Месечина ( 16. Јули – 15. Август )

Духот на сонцето сака да биде во центарот на ритамот, во фамилијарно опкружување, амбиент за грижа за домот, фамилијата и децата.

Подзнак Рак : Кај овие личности фамилијата е најважна, и вредностите кои ги стекнале во семејството од кое потекнуваат.  Особено е важен авторитетот на таткото, и тие често ја продолжуваат кариерата на својот татко. Сакаат да имаат голем и уреден стан и во состојба се напорно да работат за да го имаат. Кон децата имаа длабоки и заштитнички чуства. Бракот во нивната состојба доаѓа подоцна, и обично машките се женат за постари жени, а жените се мажат за многу постари мажи, заради чуството на сигурност кое им го нудат. Во работата се борци а успехот доаѓа со време.

Наш знак Лав, во индиски хороскоп Симха – владетел Сонце ( 16. Август – 15. Септември )

Духот на сонцето одлично се осеќа во центарот на политичките настани, драмските напнатости, игри, глума и спорт. Сите се повеќе или помалку креативни индивидуалци. Самодовербата расте со должината на аплаузот. Кралски и харизматични, добри глумци. Тежнеат кон високите друштва, а обичните луѓе им се одбивни.

Подзнак Лав:  Ова се доста горди и самоуверени личности, кои се родени да доминираат и да го вртат вниманието кон себе. Не зборуваат многу, се додека не се испровоцирани. Заштитнички се настроени кон својот дом и врзани се за мајката. Имаат многу непријатели во животот. Бракот може да биде врзан со работата или заснован на интерес. Нивните принципи се јаки.

Наш знак – Девица, во индиски хороскоп Канја – владетел Меркур (16. Септември – 15. Октомври)

Духот на сонцето кај неутралните девици е таму каде што има криза, конфликт, експлатација, сиромаштија, болести… Одлични лекари. Мајстори за критично мислење.

Подзнак Девица: Ова се критички настроени личности кон себе но и кон другите. Водат сметка за деталите, опседнати се со чистотата и да е се на свое место. Секогаш се во потрага по баланс во животот. Можат да бидат одлични писатели, бидејќи можат да ги пренесат своите мисли во пишан збор. Имаат филозофски одност кон фамилијата, еден родител е многу образован или религиозен. Во брачниот живот тежнеат кон личности кои ги потсетуваат на нивната мајка или татко. Врзани се со пријателите повеќе отколку со фамилијата.

Наш знак – Вага, во индиски хороскоп Тула – владетел Венера ( 16. Октомври – 15. Ноември )

Духот на сонцето сака да биеде во центарот на спогодбата, создавање врски и сојузи, брачи договори. Тоа не е многу погодна положба за соцнето и бара многу компромис, бидејќи сонцето е фатено во стапица на венера како владетел на хармонични човечки односи. Љубоморни се.

Подзнак Вага : Овие личности сакаат баланс и хармонија во сите области на животот, имаат вкус и талент за уметност, архитектура, ентериер. Во куќата на родителите научиле дека се живее по строги правила. Заинтересирани се за мистериите на животот и смрта, а постојат и тајни врзани со семејството кои не сакаат да ги откриваат на други. Успешни се во работата таму каде што е потребна грижа за други, на пример медицина.

Наш знак – Шкорпија, во индиски хороскоп Вришчика – Владетел е Марс ( 16. Ноември – 15. Декември)

Духот на сонцето сака да биде во центарот на мистеријата, да разоткрива. Има талент за откривање тајни. Одлични војници и генерали. Самоуверени, интуитивни и многу активни, склони кон манипулација за да ја постигнат целта. Лесно контрлолираат и влијаат на другите.

Подзнак Шкорпија: За овие личности целта ги оправдува средствата. Во младоста сакаат да прават тајни и забранети работи, а понекогаш и автодеструктивни. Родени се во фамилија на интелектуалци, можат да наследат богатство преку бизнис и шпекулации. Можат да постигна голем успех во обрзование. Имаат привлечни брачни партнери и многу се страствени и посесивни.

libra-songs

Наш знак – Стрелец, во индиски хороскопј Дануша – владетел е Јупитер ( 16. Декември – 14. Јануари)

Духот на сонцето верува во хуманистичката филозофија, и во повеќе случаи достигнуваат повисока свест. Учители, проповедници или некои кои имаат посебен поглед на светот, бараат нешто во што може да веруваат и мислат дека верат ги решава сите проблеми во животот. Во главно носат позитивни улогии служат како пример за другите.

Подзнак Стрелец : Прва особина е да веруваат во поголема сила и правиот пат кој треба да го следат. Доаѓаат од традиционални семејства, каде што вредносниот систем е цврсто одреден во раната фаза од животот и таков останува целиот живот. Влегуваат во брак на време и нивниот брачен партнер е со млад дух и интелектуално радознал. Овие личности се добри судии и правници, бидејќи имаат развиен осет за правда.

Наш знак – Јарец, во индиски хороскоп Макара – владетел е Сатурн (15. Јануари – 14. Февруари )

Духот на сонцето бара да управува со социјални структури и установи, да воведува закон и бирократија, или да биде барем една ефикасна точка во нив. Неговото однесување е дисциплинирано, друштвено коректен и превзема паорна работа. Добри организатори, но не можат да дозволат отстапување од правилата или вообичаената рутина. Многу материјални и недуховни.

Подзнак Јарец: Патат од комплекс на ниска вредност и секогаш пазат да на направат нешто погрешно. Сакаат да управуваат со претпријатија и да владеат во сенка. Бараат партнер кој ќе се грижи за нив како мајка. За разлика од знакот, многу се религиозни имаат развиен духовен живот.

Наш знак – Водолија, во индиски хороскопј Кумбха – владетел е Сатурн ( 15. Февруари – 14. Март )

Духот на сонцето пати заради недостигот на својот типичен егоцентризам. Сонцето овде е дел од широка мрежа на пазар и интерес без вистински темели. Поради ова сонцето тука се смета за “неморално” , бидејќи не постои никаков ограничување ни индивидуална одговорност. Овие личности можат да направат многу добра за друштвото, но сепак малку за себе лично. Одлични се во сите работи со компјутери како технички така и концептуално.

Подзнак Водолија: Сакаат да знаат како работите функционираат, се интересираат за сите теми, може да бидат добри научници и астролози. Осеќаат дека се запоставени во својата фамилија. Брачните партнери се важни заради авторитет, но и заради влијание на кариерата.

Наш знак – Риби, во индискиот хороско, Мина – Владетел е Јупите ( 15. Март -14. Април )

Духот на сонцето сака да биде во сферата на натприродното и медитациско окружување. Сонцето тежнее за други светови и сака да виде “видовито”. Не е оптеретено со ограничувањето на времето и на нас ни изгледа дека нема поврзаност со реалноста. Овде сонцето избегнува да биде во центарот на вниманието, избегнува гужва, и се повлекува во мир и тишина. Повеќе го привлекуваат изолирани и одалечени места, каде што и често наоѓа среќа.

Подзнак Риби: Спиритуални и добри оратори. Во школо мораат да имаат емоционална поврзаност со она што го учат, бидејќи во спротивно губат интерес. Добри писатели и новелисти. Имаат реални партнери кои им помагаат да се снајдат во практиочниот живот. Успешни се во странство.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement