Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____лајфстајл features

Откријте ги вистинските и лажните афродизијаци

Планирате да имате страсна вечер со саканата личност? Не се сите намирници афродизијаци, еве со што да се послужите…

Школки

Во теоријата школките содржат јод и цинк кои го поттикнуваат лачењето на тестостероните и поединечни аминокиселини кои го поттикнуваат либидото. Меѓутоа тоа не е доволно за било каква реална корист од овие морски плодови. За да ја разгорите сексуалната желба, потребно е да изедете дури 50 школки.

Многу е подобро ако се послужите со семки од тиква или да направитe пита од истите, бидејќи е докажано дека таа намирница го зголемува либидото.

Добар избор се и бадемите, костените и авокадото, а уште подобро е кога би ги готвеле заедно со партнерот.

Чоколадо

Точно е дека чоколадото е добар афродизијак, но само ако е темно. Студиите покажале дека чоколадото со висок процент на какао го зголемува нивото на допамин и биофлавоноиди кои ги прошируваат крвните садови и ја подобруваат циркулацијата.

Одлична комбинација се темното чоколадо и путерот од кикирики кои го зголемуваат сексуалното возбудување кај жената.

Алкохол

Алкохолот може да помогне да се опуштите, но само ако го внесувате умерено. Имено, докажано е дека една чаша вино дневно може да ја зголеми сексуалната желба кај жената.

Бел лук

Белиот лук содржи алицин кој ја подобрува циркулацијата неопходна за ерекција. Поради тоа долго се земал како природен лек за импотенција.

Некои зачини имаат сличен ефект. Шафранот ја олеснува болката и тензијата, а неговата состојка пикокроцин ја зголемува чувствителноста на кожата.

Грозје

Грозјето нема својства на афродизијак.

Изедете и банана која поради високото ниво на калиум и витамин Б го зголемува нивото на енергија и го регулира отпуштањето на половите хормони.

Црвена боја

Црвената боја е одличен избор и за мажи и за жени. Научниците откриле дека таа боја може да влијае врз привлечноста помеѓу мажите и жените, веројатно поради тоа што асоцира на плодност.

Пот

Чудно, но вистинито: потта на вашиот партнер може да ја зголеми сексуалната желба. Ако му се доближите на партнерот веднаш откако тој ќе се врати од вежбање, мирисот на неговото тело ќе влијае на зголемувањето на нивото на хормонот за стрес.

Добро би било и да вежбате заедно, бидејќи тоа докажано води кон подобар сексуален живот.

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...