Доколку мувите не ви дозволуваат опуштено да седите на тераса или во двор, набодете дваесетина каранфилчиња во јаболко и ставете го на средина на масата и инсектите ќе ве заобиколат.
На лето најмногу ни пречат инсектите. Но, она што најмногу нѐ иритира се мувите. Не можете да ручате во дворот или на терасата, а да не зујат наоколу.
Лепливата трака која ги привлекува, не е најдобро решение, а спреј не можеме да прскаме во близина на храна, бидејќи досадните инсекти ќе нападнат по тањирите и приборот за ручање.
Затоа, ако сакате совршен ручек во природа, без зуење на “неповикани” гости, сетете се дека решение постои. И тоа многу едноставно. Всушност, 20-30 каранфилчиња, набодете ги во јаболко, и поставете го на средината на масата. Ќе бидете изненадени како мувите ќе ја заобиколуваат масата. Тие не го поднесуваат мирисот на каранфилче, а вие конечно ќе можете да ручате во мир. Без пецкалки за муви.

You must be logged in to post a comment Login