Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____лајфстајл features

Окријте што кажува за вас индискиот хороскоп!

Освен астролозите, малку луѓе знаат дека постојат две различни форми на астрологија кои се практикуваат денес во светот.

Дали сте во индиски хороскоп „Dhanus“ или „Tula“? Откријте каде е местото на вашиот знак во ѕвездениот хороскоп, па потоа прочитајте што индиската астрологија предвидива за вас…

Освен ако не се астролози, малку луѓе знаат дека постоја две различни форми на астрологија кои се применуваат денес во светот. Една е западната астрологија која се базира на тропскиот хороскоп и се користи во Европа, Америка, Австралија и поголемиот дел од Африка, и тоа е астрологијата која на нашите простори е најпозната.

Втората се азира на ѕвездениот хороскоп, која воглавно се користи во источните земји, како што е Индија. Оваа источна Хинду астрологија за своја основа го користи ѕвездениот хороскоп.
devojka-sa-kompjuterom-1383402926-18710
Наш знак – Овен, во индиски хороскоп, Mesha –  владетел на овој знак е Марс
(15ти  април – 15ти мај)
Духот на сонцето желен за внимание во Овенот сака да биде прв во се, оригинален пронаоѓач на нови идеи, иницијатор и освојувач. Во знакот во кој владее амбициозниот и борбен Марс, може да биде себичен до крајност, но и до крајност искрен. Во добар аспект брилијантен херојски витез, 100% ориентиран на победа во војни или спорт.
Подзнак Овен: Ова се многу активни луѓе, атлетски градени, природно ориентирани на успех поради развиениот натпреварувачки дух, емоционално силно поврзани за мајката, машките воглавно имаат многу убави жени и среќен брак, но во него имаат доминација и заштитничка улога. Во кариерата ги очекуваат препреки, кои преку систематска работа можат да се надминат.

Наш знак – Бик, во индиски хороскоп, „Vrishabha – владетел на овој знак е Венера
(16ти мај – 15ти јуни)
Духот на сонцето сака да биде во сверата на материјалното богатство, сензуалната убавина, друштвена хармонија и сензуални задоволства. Конформист и склон на пороците во потрага по задоволства, собирач на „богатства“, талентиран за финансии.
Подзнак Бик: Ова се многу втемелени и практични особи, врзани за Земјата. Ментално се врзани за создавање на богатство и пари, но среќата на таа тема може да биде превртлива. Имаат многу интелегентни деца, но поради тоа што се стално во некоја работа опседнати со пари, во состојба се да ги запостават. Бракот во овој случај почнува од страст, а покасно станува оптеретување и компромиси, затоа што нема прав заеднички живот.

devojka-1393082652-27836

Наш знак – Близнаци, во индиски хороскоп Mithuna – владетел е Меркур
(16ти јуни – 15ти јули)
Духот на сонцето сака да биде во центарот на комуникацијата, дебатите, размената на мислења. Сонцето во Меркуровиот знак добива талент на остроумни јавни личности, политичари или идеолози кои со своите наративи успеваат да уверат за исправноста на своите убедувања. Ментално фокусирана и секогаш вработена личност, со убава надворешност.
Подзнак Близнаци:  Овие луѓе сакаат да одат во десет различни правци и во сите десет да успеат. Мајката акумулира многу богатство, но се финансиски подложни на подеми и падови. Комуникацијата е одлична, успешни во масовните медии. Како партнер е многу филозофски и идеалистички настроен, но без страст. Дисциплиниран и долг живот.

Наш знак – Рак, во индиски хороскоп „Kataka – владетел е Месечината
(16ти јуни – 15ти август)
Духот на сонцето сака да биде во центарот ритмичното вкоренето семејно опкружување, во амбиентот на грижата за дома, семејството и потомството.
Подзнак Рак: На овие луѓе семејството им е најважно, и вредноста која ја стекнале во семејството од кое потекнуваат. Многу е важен авторитетот на таткото, и тие често ја наследуваат кариерата на своите татковци. Сакаат да имаат голем и убаво уреден стан и во состојба се да работат напорно за да го стекнат. Према децата имаат длабоки и заштитнички чувства. Бракот во нивните случаи доаѓа покасно, обично мажите се венчаат со постари жени, а жените со многу постари мажи поради чувството на сигурност кое им го овозможуваат. Во работата се борци, а успехот кај нив си доаѓа со времето.

porodica-1393104219-27860

Наш знак – Лав, во индиски хороскоп „Simha – владетел на овој знак е Сонцето
(16ти август – 15 септември)
Дугот на сонцето одлично се осеќа во центарот на политичките случувања, драмските напнатости, игри, глума и спорт. Сите во овој знак се се креативни или пбар по малку креативни индивидуалци. Самодовербата им расте со должината на аплаузот. Кралски и харизматичен, добар глумец. Тежнеат кон високо друштво, мразат гужви.
Подзнак Лав: Ова се многу поносни и самоуверени особи, кои се родени да доминираат и да го насочуваат вниманието кон себе. Не зборуваат многу, додека не ги испровоцираат. Многу се заштитнички ориентирани према својот дом и врзани се со својата мајка. Имаат  многу непријатели во животот. Бракот може да биде врзан за работата или заснован на интереси. Нивните принципи се доста силни и се екстремни застапници на идеите во кои веруваат.

Наш знак – Девица, во индиски хороскоп „Kanya“ – владетел е Меркур
(16ти септември – 15ти октомври)
Духот на сонцето во неутралната Девица е таму каде што се кризите и конфликтите, експлоатацијата, сиромаштијата, болести, илегални активности и сите врсти на социјални и хемиски загадувања. Добри за лекари. Мајстори за критички мислења.
Подзнак Девица: Ова се критички настроени луѓе према себе и другите, водат сметка за деталите, опседнати се со хигиената и сакаат се да е на свое место. Секогаш се во потрага по баланс во животот. Можат да бидат одлични писатели затоа што знаат да ја пренесат својата мисла низ напишани зборови. Имаат филозофски однос со семејството, еден од родителите е многу образован или религиозен. Во брачниот живот тежнеат кон особи кои личат на нивните мајки или татковци. Поврзани се за пријателите повеќе одколку што се поврзани со семејството.

devojka-sa-prstenom-1394303162-29642

Наш знак – Вага, во индиски хороскоп Tula – владетел на овој знак е Венера
(16ти октомври – 15ти ноември)
Духот на сонцето сака да биде во центарот на случувањата, сколпување врски и сојузи, брачни и други договор. Не е погодна положбата на сонцето и бара многу компромиси, затоа што Сонцето е фатено во стапицата на Венера како владетел на хармонични  човечки односи. Љубомора.
Подзнак Вага: Овие луѓе сакаат баланс и хармонија во сите области од животот, имаат вкус и талент за уметност, архитектура, ентериер… Во родителската куќа научиле да живеат под строги правила. Заинтересирани се за окултното и за мистериите на животот и смртта, а постојат и тајни поврзани со семејството што не сакаат да им ги откриваат на другите. Успешни се во работа која вклучува потреба од грижа према други лица, како на пример медицината.

Нап знак – Шкорпија, во индиски хороскоп „Vrisciha – владете е Марс
(16ти ноември – 15ти декември)
Духот на Сонцето сака да биде во центарот на мистериите, разоткривање на околутното, во центарот на катастрофалните и нагли промени. Има телент во откривање на тајни. Одлични војници и генерали, имаат таков став. Самоуверени, интуитивни и многу активни, склони на манипулации при постигнување на целите. Лесно ги контролираат другите и оставаат силен впечаток.
Подзнак Шкорпија: За овие луѓе целта ги оправдува средствата. Во младоста сакаат го прават тоа што им е забрането, некогаш и деструктивни работи за себе. Родени се во семејство на интелектуалци, и можно е да наследат богатство низ бизнис и шпекулации. Можат да постигнат голем успех во образованието. Имаат привлечни брачни партнери и многу се страстни и посесивни.
doktor-1389198107-23632
Наш знак – Стрелец, во индиски хороскоп Dhanus – владетел е Јупитер
(16ти декември – 14ти јануари)
Духот на Сонцето е во хуманистичката филозофија, во подобрите случаи достигнуваат високо ниво на свест. Учители, проповедници и луѓе кои имаат посебен поглед кон светот, бараат нешто во кое може да се верува дека ги решава сите проблеми во животот. Воглавно играат позитивна улога и служат како пример за другите.
Подзнак Стрелец: Првата карактеристика е дека веруваат во виша сила и правиот пат кој треба да го следат. Доаѓаат од традиционални семејства, каде вредносниот ситем е цврсто одреден во раната фаза од животот и останува така засекогаш. Влагаат во брак на време и нивниот брачен партнер е со млад дух и интелекутално љубопитен. Овие луѓе се добри судии и правници, затоа што имаат развиен осет за правда.

Наш знак – Јарец, во индиски хороскопMakara – владете е Сатурн
(15ти јануари – 14ти февруари)
Духот на сонцето бара да управува со социјалните структури и институции, да спроведува закони и да бирократира, или да иам бар една ефикасна точка во нив. Нивното однесување е дисциплинирано, друштвено се коректни и за нив се подразбира напорна работа. Тие се многу добри организатори, но не допуштаат отстапување од правилата и вообичајната рутина на своето опкружување. Многу материјален и недуховен тип.
Подзнак Јарец: Патато од комплекси на ниски вредности и секогаш пазат да не направат нешто погрешно. Сакаат да управуваат со компании и да владеат во сенка. Бараат партнери што ќе се гиржат за нив како нивната мајка. За разлика од знакот, многу се религиозни и имаат развиен духовен живот.
devojka-u-kancelariji-1393342214-28092
Наш знак – Водолија, во индиски хороскоп „Kumbha – владете е Сатурн
(15ти февруари – 14ти март)
Духот на сонцето овде пати поради недостаток на својот типичен егоцентризам. Сонцето овде е дел од широка пазарна мрежа и интереси без вистински втемелувања. Затоа и ова Сонце се смета за “неморално“, затоа што на таа мрежа нема никакви ограничувања, а ни индивидуална одговорност. Тие можат да направат многу за своето друштво, но сепак многу малку за себе. Одлични се во сите работи врзани со компјутери, како технички така и концептуално.
Подзнак Водолија:  Сакаат да знаат како функционираат работите, се интересираат за сите теми, можат да бидат добри научници и астролози. Се осеќаат како да се запоставени во своето семејство. Брачните партнери се важни порати авторитетот, но поради успехот во кариерата.

Наш знак – Риби, во индиски хороскоп, Mina – владетел е Јупитер
(15ти март – 14ти април)
Духот на Сонцето сака да биде во сверата на натприродното и медидативното опкужување. Сонцето копнее за друг свет и сака да биде „видовито“. Не е оптеретено со ограничувањето на времето и се чини дека нема врска со стварноста. Ова Сонце избегава да биде во центарот на вниманието, ја избегава гужвата и суетата на овој свет, се повлекува во мир и тишина, повеќе го привлекува изолирани и оддалечени места, кадешто и често наоѓаат среќа.
Подзнак Риби: Спиритуални и добри соговорници. Во школо мора да имаат емоционална врска со они со кои учат, затоа што во спротивно губат интерес. Добри се писатели и новелисти. Имаат реалистични партнери кои им помагаат да се снајдат во практичниот живот. Успешни се во странство.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement