• Сподели на:

Од што се плашат астролошките знаци

___

Секој астролошки знак има специфична енергија, начин на изразување и потреби. Кога основните потреби се во опасност секој од нив има несвесни стравови. Кога можеме да препознаеме одреден страв и да признаеме дека стравуваме од него знаеме со што се соочуваме. Во тоа препознавање може да ни помогне и ова сознаение, кои стравови се карактеристични на нашите хороскопски знаци:

ОВЕН: Чувството да сте исполенти со живот го постигнувате со прифаќање на разноразни предизвици. По природа сте водач, независен, храбар и енергичен. Сакате да се натпреварувате , со победите го храните своето его. Страв од пораз ви е најголемиот непријател. Се плашите дека не сте доволно добри, способни, паметни или убави за да може да се натпреварувте со другите.

Бик: Да овозможувате сигурност и убавина во светот кој ве опкружува е ваша најголема задача. Секој чекор што го превземате спрема непријателите, пред да биде направен е внимателно и претходно осмислен, бидејќи мора да бидете сигурни дека новите промени нема да ви го нарушат сето она што веќе сте го створиле и направиле. Не сакате ризици а веќе познатите работи и навики ви даваат чувство на сигурност. Највеќе се плашите од изненадни и непредвидливи појави.

Близнаци: Вашата потреба за знаење и собирање на најразлични информации имаат корен во длабоките уверувања дека знаењето ќе ве заштити од животните болки. Вашиот ум е премногу зафатен со запазувња. Морате често да бидете во движење и да внимавате и бидете сегде. Опасност ви е да останете на страна и отсечени од инфомрации и да бидете изолирани.

Рак: Вашиот чувствителен карактер има доста изразени заштитнички карактеристики. Важно ви е чувството дека сте му потребен на некој и воедно да почувствуте емотивна сигурност во кругот на фамилијата и со луѓето кои ве сакаат. Навеќе се плашите од неприпадност и самотија, кога нема каде да ги насочите вашите чувства.

Лав: Вие мора да се чувствувате посебно и едноствано да може да бидете задоволни. Чувството дека на вас ви е наменета некоја посебна судбина, произлегува од гордоста и креативноста. Потребни ви се пофалби за да се чувсвувате сигурни. Архтипскиот страв кој ви е спрецичен е стравот од безначајност. Не сакате животот да ви биде обичен и не поднесувате игнорирање.

Девица: Животот го доживувате како неуредно и хаотично место, па воспоставување на редот е предуслов да се чувствуате сигурно. Длабоко во вас е сокриен стравот од неред, посебно емотивниот хаос кој може да ве доведе до чувство на беспомошност за кој немате контрола.

Вага: Се чувствувате убаво кога знаете дека другите ве прифаќаат. За да го постигнете тоа, настојувате да им угодите на другите и да имате складни односи. Верувате во коректни личности, поштени и полни со човечност, тоа се ваши идеали кои вашиот ум намерно ги одбира за да се заштити од непредвидливост и хаос од чувства. Ваш најголем страв е стравот од кавга, бидејќи тогаш имате чувство дека се ви бега од контрола.

Шкорпија: Вие сте доста интензивна личност , која ништо не работи половично. Кога на нешто сте му посветени, било дали је љубов или работа, потполно се давате во тоа. Сакате да ве сметаат одговорни и поверливи. Страв од губење на контрола е вашиот непријател.

Стрелец: Вашиот оптимизам и верба во иднината произлегуваат од тоа чувство кое го имате дека животот е патување. Ви треба редовно да сте слободни и да истражувате, да лутате и да ги откривате постојано одговорите. Вратата на новите можности мора да биде отворена. Се плашите од чувството дека слободата ќе ви биде скратена.

Јарац: Вие сте личност што сака да постигне што повеќе. Упорни сте и амбициозни, прецизно ги воочувате животните стварности и одма правите стратегија како да напредувате. Страв од неуспех е кулминација од повеќето ваши стравови – како стравот од грешки,казна,губење статус или пари.

Водолија: Вие сте независна личност со снажна волја и оригинални идеии. Сакате да живеете по свои правила и не се плашите да бидете поразлични од околината. Свесни сте дека нагоните и чувствата го движат светот. Нивната ирационалност, неопознатост се вашите најдлабоки стравови.

Риби: Вие сте чувствителни, интуитивни и прилагодливи и длабоко го чувствувате животот. Се чини дека со една нога сте во стварноста и со другата во некој невидлив свет. Живот без љубов и самотија за вас може да биде разорен но најголем страв е од опасноста да изгубите врска со имагинарниот свет од кој црпите сила.


Оставете коментар

___