• Сподели на:

Нумерологија: Најдете ја вашата сродна душа со помош на броеви!

___

Низ историјата, луѓето верувале дека со нивните животи управуваат ѕвездите и броевите кои денес ги следат. Денес ова верување е сведено забава, но еве еден начин на кој вие можете да процените колку односите во вашиот живот се условени со вашиот датум на раѓање и уште една шанса добро да се забавувате.

Луѓето отсекогаш верувале дека нашите животи и релации кои ги градиме со другите се однапред одредени и дефинирани и пред да се случат. Некои луѓе толкувањето на ова верување го препишале на астолозите, биоенергетите, но и на нумеролозите.

Според една од теориите на современите нумеролози, сами можеме да процениме колку е случајно што сме доставени на луѓе од нашата непосредна околина, затоа што нашите љубовни релации се токму такви, но и кои лица биле пожелни во нашите животи. Како и секогаш и оваа нумеролошка приказна почнува со нашиот датум на раѓање, но и датумот на раѓање на личноста која не интересира, без разлика дали на љубовен, пријателски или сексуален план.

Foto: barns15.deviantart.com

Еве како функционира нумерологијата на двојките: Се сметаат датумите на раѓање на луѓето поединечно, но се земаат само денот, месецот и последните две бројки од годината на раѓање. Се пресметува на следниот начин, на пример: 20.12.1992. —> 2+0+1+2+9+2=16—>1+6=7 и исто така се смета датумот на другата личност. На крајот датите се споредуваат и на тој начин можете да процените дали лицата си одговараат еден со друг.

Foto: wallz.moon.pk

Помалиот и поголемиот број од вашиот или вашиот ист број претставуваат многу страсна, но и површна врска. Од друга страна, два различни броја кои даваат збир 9 или 10 се броеви кои значат емотивна врска на долга стаза и претставуваат пар на сродни души. Збирот на два броја кој изнесува број 8 претставува идеално пријателство или идеална партнерска врска во подоцнежните години. Единствен исклучок е бројот 5 кој одговара на што поголем број.

Земете хартија и пенкало и нека почне вашата пресметка!


Оставете коментар

___