Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____лајфстајл features

Нови, необични факти за соништата

Сонот е една „вечно неоткриена земја“ кога станува збор за се’ она што се случува во нашата глава и тело во ваквата состојба. Многу нешта за сонувањето се’ уште остануваат непознати. Сепак, еве неколку потврдени факти.

Соновите ја спречуваат психозата

Сонот ве држи на здраво ментално ниво. Истражувањата покажуваат дека учесниците кои биле будени на почетокот на секој сон покажувале знаци на психоза после само три дена. 

Нарушување во спиењето

Да, добро прочитавте. Всушност постои нарушување кое може да се случи додека спиете. Луѓето се однесуваат надвор од соновите во форма на удирање со нозете, крикови и така натаму. Ова нарушување некогаш е предвесник за нарушување на работата во мозокот како на пример Паркинсовата болест.

Предупредувачки сонови

Соновите имаат симболика во природата. Чудните сонови можат да ни дадат индиции за тоа што се случува во нашиот живот. Сонување за нешто, на пример сонување на нечиста вода, би можело да ни даде индиција за одреден здравствен проблем.

Луцидно сонување

Знаете дека сонувате луцидно кога се будите во вашиот сон. Тогаш можете да го диктирате сонот и се’ она што се случува во него. Истражувањата покажуваат дека оние кои играат видео игри имаат повеќе шанси да имаат ваков тип на сон од другите луѓе.

Грчење и сонување

Знаеме дека грчењето за време на сонот е индикација за одредени проблеми. Тоа што не’ изненадува е дека истражувањата покажале дека луѓето кои се грчат за време на спиење, не сонуваат.

Кога мажите сонуваат

Истражувањата покажале дека мажите сонуваат дека се надвор од својата куќа, повеќе отколку жените. Машките кошмари често покажуваат знаци на агресија, како на пример инволвирање во тепачки.

Кога жените сонуваат

Жените често сонуваат дека се внатре во куќата, со други луѓе околу нив. Кошмарите најчесто им вклучуваат дека се бркани, губење на нивниот сакан и така натаму. Истражувањата покажале дека жените имаат најсвесни сонови додека се бремени.

Прекогнитивни сонови

Од време на време, сонувачите сонуваат за иднината. Овој тип на сонови се наречени прекогнитивни сонови. Најпознат случај од овој тип бил кога Абрахам Линколн ја сонувал сопствената смрт. Три дена подоцна како што сите знаеме, тој бил убиен од Џон Вилкс Бут.

Траење на сонот

Соновите траат одредено време зависно од тоа во кој дел од ноќта спиете. Пократките сонови се случуваат веднаш кога ќе заспиете. Соновите до 45 минути траат кога сте блиску до будење.

Сонување за паѓање

Сонувањето дека паѓате се случува на почетокот на заспивањето. Ова е познато како Ниво 1 на сон. Сонувачите често сонуваат дека паѓаат и тогаш се разбудуваат со непредвидливо движење на нивните тела.

Во боја или црно-бели сонови

Некои луѓе, до 12 отсто до случаите сонуваат во црно-бела боја. Тие воопшто не гледаат никаква боја во нивните сонови. Експертите за сонови не знаат поради која причина некои луѓе сонуваат во боја, а некои не.

Сонување кај слепите луѓе

Слепите луѓе сонуваат исто како и оние кои гледаат. Тие дури сонуваат за истите слики од животот доколку станале слепи после нивното раѓање, односно одредено време подоцна од животот. Луѓето кои се родени слепи сонуваат со нивните чувства, а не со нивниот вид.

Чести кошмари

Луѓето често го имаат истиот тип на кошмари. На пример, да ве брка некое чудовиште е чест сон и во светот на возрасните и во светот на децата.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement