Пекинг – Нова опасност за човештвото!
Во јуни 2012 година тројца работници во рудник за бакар во југоисточна Кина умреа од мистериозен нов вирус.
Тројца работници задолжени за чистење на отпадот од рудникот за бакар во југоисточна Кина се разболеле и набрзо умреле во најстрашни маки во средината на 2012 година. Во нивниот организам не е пронајден ниту еден познат патоген, но шест месеци подоцна, истражувачи од владата во Кина, пратени да ја утврдат причината за смрт, пронашле во примероците од материјалот во рудникот нешто страшно – тотално нов и непознат вирус. Научниците се убедени дека овој организам е одговорен за смрта на работниците, и предупредуваат дека цивилизацијата наскоро може да има сериозни проблеми.
Биолошки, новиот вирус е сроден со хенипавирусите, од кои два вида се смртоносни : вирусот хендра, откриен во Австралија пред 20 години, кога започна да убива цела ергела коњи, и вирусот нипа, кој повремено се појавува во југоисточна Азија од 1988 година.


You must be logged in to post a comment Login