Прочуениот Сицилијански колач, каноли, кој научниците го лансиираа надвор од нашата планета, имаше покрај научна цел и задача да ја промени негативната слика која се поврзува со Сицилија.
Тројца сицилијански заљубеници во науката, на почетокот на Февруари, лансираа во стратосферата летало во облик на каноли, кремаст колач по кој овој остров е прочуен, и направија необична снима на десертот кој лета високо над земјата.
Покрај научна, “Сицилијанската вселенска програма” има и симболично значење, изјавија научниците – аматери за агенцијата Ројтерс.
“Сицилија одсекогаш била место, познато по негативните работи, мафија и невработеност. Сакавме на свој начин подобро да ја претставиме”, кажува 34-годишниот Фабио Леоне, кој проектор го осмисли заедно со неговата колешка Антонела Барбера (38).
Заврзан за голем хелиумски балон, леталото од домашно прозиводство “Каноли транспортерот”, опремен со камера и ГПС, забележал запрепастувачка и комична слика додека се пробиваше низ облаците на пат кон вселената.
httpv://www.youtube.com/watch?v=geox00nVITg
Колач-леталото успеа да се искачи на скоро 30.000 метри над земјата, кажува Паоло Капасо (37) компјутерски техничар и задолжен за лансирање на “транспортерот”. Бидејќи вистински каноли колач не би го преживеал патувањето, тројцата сицилијанци направија летечки колач од полимерска глина која ја испекле во рерна. За трупот на леталото употребена е кутија од сладолед која ја заштитуваше батеријата на камерата од ладно, кога температурата падна под -50 степени целзиусови.
Атмосферскиот притисок опаѓаше како што “Каноли транспортерот” се качуваше, што доведе до ширење на хелиумскиот балон, кој на крај експлодираше. Транспортерот потоа падна на земјата, успорен со мал падобран. Падна во близината на едно село одалечено 25 километри од местот каде што беше лансирано, и беше успешно пронајдено благодарение на ГПС сигналот.


You must be logged in to post a comment Login