• Сподели на:

Неверојатно откритие: Пивото го измислиле жените

___

Пред 7000 години во Месопотамија жените биле одговорни за производство на пивото. Тоа било вештина за која задолжени биле исклучиво припадничките на поубавиот пол

Кога се во прашање изумите кои оставиле силен печат врз историјата, прво на памет ни доаѓаат машки имиња како Томас Едисон, Никола Тесла, Леонардо Да Винчи и Алфред Нобел. Меѓутоа, што е со жените кои со својата работа ја смениле историјата?

1. Пиво

Иако со сигурност не можеме да тврдиме кој прв навистина го произвел пивото што денес се пие, според податоците до кои дошле историчарите  тоа го направила жената, т.е. повеќе такви суштества. Имено, пред 7000 години во Месопотамија жените биле одговорни за производство на пиво. Со оваа вештина се занимавале исклучиво припадничките на поубавиот пол. Пивото тогаш се сметало за подарок од боговите, а судејќи по неговата застапеност денес, тоа е  и понатаму еден од најпопуларните пијалаци на сите времиња, а сѐ благодарение на вредните женски раце.

2. Бришачи на автомобилот

Во далечната 1903 година Мери Андерсон се досетила дека ако постави бришачи на автомобилот тие ќе бидат од голема корист, па ги патентирала механичките бришачи за ветробранско стакло. Иако нејзината идеја е усовршена за сериско производство дури по многу години, денес возењето со автомобил не можеме ни да го замислиме без нејзиниот едноставен, но многу важен изум.

3. Монопол

Елизабет Меги е главна и одговорна за една од најпопуларните друштвени игри на сите времиња. Оваа игра оригинално била нарекувана „The Landlord’s Game“ и е патентирана во 1903 година. Иако денес играта е наменета за добра забава и дружење со семејството и пријателите, оваа дизајнерка првично ја осмислила за да го демонстрира трагичниот ефект што го предизвикуваат алчноста и среброљубието.

4. Соларно греење

Унгарката д-р Марија Телкес е одговорна за првото греење на соларна енергија. Во 1925 година таа се преселила во Америка и се вработила во еден проект кој се бавел исклучиво со оваа проблематика. Првиот соларен систем за греење на домаќинствата бил развиен и достапен во 1940-та, а за реализацијата на проектот на д-р Телкес ѝ помогнала уште една успешна жена – архитектката Еленор Рејмонд.

1

4. Противпожарни скали

Првите противпожарни скали од надворешната страна на зградата, кои во случај на некаква опасност, на пр. пожар имаат за задача да ја олеснат евакуацијата, ги измислила Ана Конли во 1897 година. Нејзината идеја ја прифатиле голем број архитекти, а оваа фантастична замисла трае до ден денес.

6. Панцир

Верувале или не, и заштитниот балистички оклоп, попознат како панцир, го има измислено жена. Нејзиното име е Стефани Кволек, а истражувањето кое го спроведувала резултирало со изумот на заштитен елек, поточно на материјалот кој се користи за негова изработка. Изумот го патентирала во 1966 година. Но, тоа не било единственото нејзино откритие. Во својата богата и долга кариера која траела 40 години, оваа жена има патентирано повеќе од 40 различни производи, па затоа се вбројува во Куќата на славните пронаоѓачи (Inventors Hall of Fame).

 

 


Оставете коментар

___