Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____лајфстајл features

Неколку мигови кои вљубеноста ја прават неверојатна

Можеби заљубеноста е само спој на моменти кои прават да се чувствувате поразлично од било кога во животот, но тие моменти не исполнуваат со чиста среќа и ни ја будат душата. Тие не прават живи.

Еве кои се тие 20 моменти, се надеваме дека ќе се пронајдете и вие.

1. Кога правите нешто што инаку го правите сами, но овој пат добивате поглед на восхитување кое ви го топи срцето. Тоа се моменти кога некој ве сака поради она што навистина сте.

2. Оној момент кога ја набљудувате саканата личност додека заминува до автомобилот или додека само едноставно оди и се восхитувате на неговите движења на телото. Тоа е момент кога го одмерувате роденото момче и страшно сте возбудени поради тоа што е ваш.

3. Кога го имате најлошиот ден на планетата, а некој ве дочека дома со насмевка и флаша вино. Или голема пица.

4. Кога поминувате по некој петок дома гледајќи филм и спремајќи вечера заедно. Чувствувате лудачки комфор знаејќи дека сте со личност со која ви е неизмерно забавно што и да правите.

5. Кога целиот свет се распаѓа, а вие имате свое светло во тунелот.

6. Кога постигнете нешто или се случи нешто страшно забавно, а вие едвај чекате да го кажете на својот партнер.

7. Кога потполно сте се отвориле на некој, а се што чувствувате е неизмерна љубов и сигурност.

8. Кога го чувствувате неговиот мирис на својата гардероба.

9. Кога се соочувате со некои животни одлуки, а имате некој кој ќе ве поддржи.

10. Кога водите сериозни разговори и сваќате колку вашиот партнер има сјајни идеи и размислувања.

11. Кога имате чувство дека може да ви ги чита мислите и желбите.

12. Кога дискутирате за разликите кои ги имате, па на крајот завршувате смеејќи се.

13. Кога имате шанса да патувате заедно и да го набљудувате неговиот израз на лицето додека пробувате нова храна.

14. Кога лежите заедно и имате чувство дека тоа е вистинското место на овој свет на кое што треба да бидете.

15. Кога чувствувате неверојатно возбудување кога ќе извршите некои заеднички обврски во текот на денот.

16. Кога преминувате во нова животна фаза и чувствувате сите возбудувања кои тоа искуство го донесува како една личност.

17. Когазборува со страст за работи кои го интересираат, а вие се чувствувате толку гордо.

18. Кога се поттикнувате еден друг да напредувате во сите аспекти во животот.

19. Кога животот стане хаотичен и претрупан со обврски, а помеѓу вас ништо не се менува.

20. Кога изненадно ќе ве бакне. Кога го краде прекривачот. Кога ќе ве фати за рака во јавноста. Кога цврсто ќе ве прегрне. Кога ви измами насмевка на лицето.

Со секој момент се чини дека повторно се заљубувате и затоа тоа е едно од најдобрите чувства на светот.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement