Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____лајфстајл features

Не сакате да станувате рано ?  Поради овие пет причини ќе го навиеете алармот во 6 наутро

Ние веќе знаеме дека станувањето рано наутро има многу предности и на многу начини можат да бидат  корисни, но малкумина од нас имаат навика да стануваат рано кога не мора да одат на работа. Еве пет причини зошто тие  треба да стануваат рано во секој случај.

  • Време за планирањето на целите

Многу луѓе не ги постигнуваат своите цели, бидејќи тие не се доволно фокусирани. Обидете се да ги планирате своите цели и реализација наутро. Така тие ќе останат свежи во вашите мисли. Следниот ден размислете за она што го направивте за да ги постигнете своите цели. Од ден на ден се повеќе ќе напредувате.

 

  • Направете распоред за денот

Оние кои стануваат рано си даваат себе  шанса да го испланираат денот. Со прецизен план, станувате повеќе ефикасни и продуктивни во користење на времето. Тоа ќе ве донесе поблиску до остварување на целите.

 

  • Време да се вежба

Најчестиот изговор за прескокнување на вежбање е недостаток на време. По долг ден на работа, одење во теретана обично гo доживуваме како товар. Прошетка пред работа овозможува замена на салата пред почетокот на работниот ден. Непотребно е да се каже, дека телото испушта една супстанција наречена ендорфин, која служи за активирањето на добро расположение. Вежбањето ви дава енергија за целиот ден.

 

  • Време е за оброк

Целиот живот слушаме дека појадокот е најважниот оброк. Сепак, поголемиот дел од народот го прескокнуваат појадокот. Ако станувате рано никогаш нема да го пропуштите. Појадокот значително ја подобрува општата состојба на здравјето. Како што на автомобилите им е потребно гориво, на вашето тело му треба храна за да функционира правилно, особено наутро.

 

  • Успешни луѓе секогаш стануваат рано

Во Њујорк списание, Џек Дорси, основачот на Твитер открива дека го започнува својот ден во 6 и 30 наутро и се занимава со активности како што се медитација и џогирање. Тим Кук, претседател на Управниот одбор на  ,, Apple ,, е познат по тоа што испраќа мејлови по компании во 5 и 30 наутро. Ричард Бренсон, основачот на Вирџин групацијата, исто така станува рано и е голем подржувач на утринското шетање. Тој станува во 5 и 45 за да може да вежба пред да почне со работа.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement