Светските звезди од време на време кажуваат дека сексот е важна ставка во нивните животи, меѓутоа некои од нив инсистираат и на настрани елементи во текот на водење љубов. Од камшикување па до кубење коси, погледнете што прават некои од планетарно познатите во текот на сексуалниот однос со партнерот.
Ријана – Оваа пејачка без никакви проблеми говори за сексот. Во една прилика кога на социјалните мрежи се појавија нејзини разголени фотографии, убавицата од Барбадос се сожалила на дечковците чии девојки не им праќаат такви фотографии. Ријана признала дека во сексот е мазохист и дека сака да ја камшикуваат. Исто така, таа рекла дека сака спонтаност во текот на водењето љубов.
Анџелина Џоли – Своевремено била љубител на садо-мазо секс. Во текот на љубовниот занес,Џоли користела и ножеви, особено кога била во брак со Били Боб Торнтон. Меѓутоа, откако е во врска со Бред Пит таа престанала со садо-мазо сексот.
Кармен Електра – „Малку задоволство, малку болка, малку забава“, вака ја опишала својата сексуална фантазија оваа американска убавица. Таа посетува разни секс шопови, собира лисици, провокативна долна облека и останати помагала.
Лејди Гага – Контроверзната пејачка признала дека е настрана за време на сексот. Во текот на водењето љубов, таа сака да се облекува во различни костими, а од партнерот бара одвреме навреме да ја гризе. Инаку оваа поп звезда покрај својот љубовник остава вештачки трепки и тоа како знак за благодарност за “добро завршена работа”.
Ева Лонгорија – Таа нема аверзија кон врзување за креветот, но преферира партнерот да и ги врзе рацете со свилена марама и нагласува дека сака мажот да биде главен за време на сексот.
Томи Ли – Екс сопругот на Памела Андерсон изјавил дека има фетиш за стапала и дека уште како мал сакал да ги масира истите. Тој нагласил дека женските стапала мораат да бидат чисти и убави.
Рики Мартин – Познатиот пејач истакнал во едно интервју дека во текот на сексот сака од партнерот да го полее со таканаречениот “златен туш”. Температурата на телото и златниот туш се разликуваат и во тоа е и магијата.
Шаја Лебеф – Познатиот американски актер исто така има фетиш за време на водење љубов. Лебеф во текот на сексот сака од партнерот да го скубе за косата.
Чарли Шин – Овој човек нема што не пробал во сексот. Шин, кој има спиено со многу жени, љубител е на “плескање” по задникот како и разни врсти на предигра.










You must be logged in to post a comment Login