• Сподели на:

Направено е најјакото пиво во светот

___

Една шкотска компанија произведе пиво за кое тврди дека е најјакото пиво во светот и содржи 41 отсто алкохол.

Оваа компанија се истакнува со нивниот нов производ и го воздигнува пивото на сосема поинакво ниво. Лансирањето на рекордно јакото светло пиво, се случило недела дена откако една германска компанија направи пиво со 40 отсто алкохол.

Пивото на оваа шкотска компанија чини 40 фунти за 330 мл. и се продава преку нивниот сајт. Шкотската компанија претходно се истакна со виски и вотка со висока количина на алкохол, кој треба да се конзумираат во многу мали количини.


Оставете коментар

___