• Сподели на:

Најдобрите вицеви од Босна до Јапонија

___

Дали некогаш сте се запрашале каков смисол за хумор имаат Македонците, а каков Мексиканците? Еден британски весник ги повикал сите млади од целиот свет да им ги испрати најомилените вицеви. Еве некој од нив.

Ханс Муд (30) Од Германија: Се сретнале две планети. Едната ја прашала другата: Па како си? Другата и одговара, Па не баш најдобро имам хомо сапиенс. А втората и кажува, Ааа знам како ти е, ама не се секирај, ќе ти пројде.

Нј Хусаин (27) од Јапонија: パンダの餌は何 ? パンだ! / Panda no esa wa nani? Pan da! Или во превод Што јадат пандите? Леб.

Џулија Кошта (23) од Бразил: Знаеш ли што е шегата со : Не ни јас? Не! Епа ни јас!

Ерика Баст (29) од Мексико: Што му кажува зленото зрно метал на црното? Ох Боже, ДИШИ!

Олга Нурајева (29) од Русија:  Маж влегува во туристичка агенција и рекол, Сакам да одам некаде ама не знам каде. Агентот му вели Вајар, ол инклузив со авион? На тоа му одговара мажот, Не е безбедно, авионите паѓаат! Сончевата Грција со брод? Не е безбедно, бродовите тонат. Со автобус низ цела Европа, специјална тура за Вас? А што е со несреќите на патиштата? Агентот видно љут и му вели, Епа вака, пешачка тура со сексуална конотација? Мажот, Ееее тоа ми одговара. Агентот, Епе идете и е***е се!

Мила Дамјановска (20) од Македонија: Само 20 % Македонци живеат во стрес и бес. Останатите 80% живеат во Австралија, САД, Канада, Германија, Шведска, Британија….


Оставете коментар

___