Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____лајфстајл features

На која возраст луѓето се најсреќни?

Во животот ќе доживеете подеми и падови, со текот на времето учите лекции, а прашањето е во кој период од целото тоа искуство ќе се почувствувате најзадоволни од тоа што сте постигнале и за изгледите за иднината? До одговорот на ова прашање дојде едно истражување што го пренесе Elite Daily.

Според ова истражување, луѓето се најсреќни на 34 години. За да дојдат до овој заклучок, од истражувањето биле анкетирани 2.000 луѓе кои се наоѓаат на над 40 годишна возраст. Во анкетата тие биле запрашани што е тоа што ги направило особено задоволни во секоја деценија од нивниот живот.

На овој начин откриле дека најголемиот дел од луѓето ја посочувале возраста од 34 години како период во кој биле најзадоволни, бидејќи тогаш најчесто имале добра работа, стабилна љубовна врска и способноста да основаат семејство.

Настрана од генералниот заклучок на мнозинството кои ја посочиле возраста од 34 години како најубав период од својот живот, оние што посочиле дека најубав период им биле 20-тите изјавиле дека во овој период биле најсреќни затоа што биле во одлична физичка форма, тогаш работеле на градење кариера, минувале повеќе време со пријателите и затоа што не биле врзани само за еден партнер.

Генерално гледано, ова истражување покажа дека кога луѓето се наоѓаат на возраст над 30 години, животот им е исполнет со многу поголем број на настани и причини што прават да се чувствуваат исполнето.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement