• Сподели на:

Може да ве шокира: Kој доживува најмногу оргазми?

___

Ако сакате повеќе оргазми, можеби треба да размислите за купување на Андроид, промена на бојата на косата во црвена или пак менување на кариерата…

Имено, четири-годишната студија на веб порталот Match.com дојде до изненадувачки сознанија за тоа кој доживува најмногу оргазми.

Интересно е да се види дека луѓето кои се занимаваат со електроника, постарите жени, црвенокосите или оние кои имаат секс со поранешните, во просек почесто доживуваат оргазам.

Луѓе кои се занимаваат со електроника
Од сите занимања и професии, луѓето кои се занимаваат со електроника, како на пример компјутерски бизнис, имаат највисок просек на доживување оргазам – дури 64%.

Постарите жени
Можеби се згрозувате од помислата дека вашата баба има секс, но The American Journal открива дека госпоѓите од 80 до 99 години доживуваат поголемо сексуално задоволство од жените во 20-тите и 30-тите години од животот.

Корисниците на Андроид
Match.com дојде до навистина интересни информации. Имено оние со Андроид, а не други паметни телефони, почесто го достигнуваат врвот во сексот. Колку повеќе? Дури 55%.

Црвенокосите
Митот за огнени црвенокоси жени, според анкетата, и не е мит. Први по бројот на оргазми, во однос на бојата на косата, се црвенокосите, а по нив следуваат блондинките. Во студијата не е појаснето дали тие треба да бидат природно црвенокоси.

Жените кои сакаат мускулести мажи
Ако сте меѓу жените кои сакаат вишок на тестостерон и мускули, тогаш припаѓате на среќните. Студијата на Државниот Универзитет од Пенсилванија покажа дека жените чии мажи се помажествени редовно доживуваат оргазам.

Оние кои имаат секс со поранешните
Match.com излезе со интересни податоци. 44% од мажите и жените кои не се во врска ќе доживеат оргазам од 90% до 100% кога ќе имаат секс со екс- партнерот. Можеби со ова ве замисливме кого од екс-партнерите можете повторно да заведете. Но, можеби за оваа група има навистина логично објаснување – со пракса до перфекција.
Жените омажени со богати мажи
Дека за задоволство во креветот важна е големината, покажала студијата од Универзитетот во Њукасл. Но, големината на неговиот паричник. Богатите мажи предизвикуваат најмногу женски оргазми. Објаснувањето не е целосно јасно, но со финансиската сигурност можеби е полесно жената да се релаксира, се зголемува нивото на естроген и затоа се зголемува и веројатноста за доживување на оргазам.


Оставете коментар

___