• Сподели на:

Морничави урбани легенди од кои ви се крева косата!

___

Овие паранормални и морничави приказни се легенди или настани објавени на интернет и не се поткрепени со докази, но сеедно, и понатаму се страшни и тешко е веднаш да се заборават!

-Александира Алексис-

Дали во 2025 година ќе може да се патува низ времето?! Според урбаната легенда, одговорoт е потврден. Александира Алексис е наводно патничка низ времето која другите ги убедувала дека е дојдена од иднината. Њујорчани во 1899 година, како што тврдат и самите, биле сведоци на нејзиното необјасниво пристигнување во градот, а истата година, одеднаш исчезнала.

-Легендата за возачот на автобус-

Возачот задолжен за превоз на ментално-растроени пациенти на една од своите рути одлучил да го запре автобусот и да отиде на пијалок во блискиот бар, оставајќи ги 20-те заврзани пациенти во возилото.  Кога се вратил, автобусот бил веќе празен. Бидејќи морал да се појави во државната ментална болница, возачот се одлучил на страшен потег.

На првата автобуска станица, дозволил луѓето кои чекале редовна линија, да влезат во автобусот и ги донел до болницата. Потоа, на болничкиот персонал, им рекол дека се работи за многу агресивни пациенти и дека треба да се врзат.

Поголемиот дел од несреќните луѓе и полуделе, а вистинските пациенти никогаш не се пронајдени.

-Проколнат тунел-

Луѓето коментираат дека во тунелот, на ретровизорот гледале чудни суштества како се приближуваат кон нивниот автомобил. Сведочат дека се појавувала и чудна светлина на крајот од тунелот, а некои тврдат дека при излегување од истиот, забележале отисок од  детски прсти на својот автомобил.

-Необјаснета фотографија-

Една самохрана мајка кога се вратила дома по еден долг, напорен работен ден, го оставила својот нов мобилен телефон на масата во дневната соба, пред да седне на двоседот пред телевизорот.

Нејзиниот 6-годишен син, го земал мобилниот телефон за да си поигра. По некое време, мајката, пред  да оди на спиење, влегува во собата на својот син, кој веќе заспал со телефонот во рака.

Мајката го земала телефонот, видела неколку фотографии и почнала панично да ги брише. Меѓу фотографиите имала и една слика како до веќе заспаниот син, во кадар има некоја стара жена.

-Детски дух-

Фотографијата која ја направил млад пар, е потикната од чудното однесување на нивното домашно милениче. Нивната мачка континуирано мјаукала на вратата од терасата. Откако ги виделе сликите, девојката и момчето биле преплашени.

На една од сликите забележале контури од  девојче, кое пред тоа го немаат видено. Куќата каде што парот живее, кој нема деца, е стара стотина години.

-Безлична-

Во летниот период, во 1972 година, болницата Cedar Senai примила пациент во бела, крвава облека, која кај болничкиот персонал предизвикала страв.

The Expressionless - Urban Legends

Девојчето било бледо, со вкочането лице, разлеана шминка, како кукла од излог. Нејзината појава многу ги вознемирила докторите и медицинските сестри кои ја врзале за кревет, со намера да се јават во полиција.

Се обиделе да ја смират, да и дадат седативи, на кои што нејзиното тело почнало да се извиткува и жестоко да се спротивставува. Потоа, таа се свртела кон докторот и се насмевнала. Преплашениот персонал тогаш видел дека има шилести заби.

Ја прашале веднаш што и значи тоа, а по долга пауза добиле и одговор. “Јас сум бог”.

Урбанатa легенда што се прераскажува за овој настан често е нарекувана и како “Безличната”.


Оставете коментар

___