• Сподели на:

Мажите се заљубуваат побрзо од жените

___

И покрај општоприфатеното мислење дека жените се поромантични, сепак прво мажите кажуваат „те сакам“ – открива истражувањето на Универзитетот Пенсилванија спроведено врз 172 студенти.

Мажите тие фамозни зборови ги кажуваат три пати побрзо отколку жените, а се заљубуваат во рок од неколку недели, додека на жените им се потребни неколку месеци.

„Жените се повнимателни кога се работи за романтика. Тие се сметаат како ирационални во љубовта, но тие имаат и поголем капацитет во процесирањето на емоционалните искуства“ – истакнува водителката на истражувањето, Мариса Харисон.

Сексуалната желба е причината зошто мажите се заљубуваат порано од жените. Поголемиот број од нив сака сека веднаш или само по неколку недели, додека жените сакаат да чекаат. Тоа лесно може да се објасни. Мажите, за разлика од жените, љубовта ја поврзуваат и изедначуваат со сексот – тврди Харисон.


Оставете коментар

___