• Сподели на:

Магичен танц што ќе ве расплаче: Болеста не е пречка за љубовта кон балетот (Видео)

___

Настапот на двете сестри и балерини, од кои едната е во инвалидска количка, ќе ги разнежни и најјаките срца и ќе ја покаже вистинската сила на љубовта кон музиката и животот.

slika vnatre 1

Сестричките Квинси и Грејс Латковски ја делат истата страст за танцувањето, но додека Квинси е способна да игра, Грејс боледува од церебрална парализа и цистична фиброза, па е врзана за инвалидска количка. Сепак, ништо не ја спречува деветгодишната Грејс да даде сѐ од себе и да заигра со својата сестра!

На танцовиот натпревар што се одржа во Кентаки, сестричките имаа настап кој долго ќе остане врежан во сеќавањето на секој што го гледал. Играјќи на песната „Reflection“ на Кристина Агилера, девојчињата нѐ инспирираа сите нас да погледнеме длабоко во себе си и да разбереме што навистина значат искрената љубов и силата на волјата.

slika vnatre 2

„Кога си ги видов и двете ќерки заедно на сцената, се инспирирав и се убедив дека тие имаат срце на вистински шампиони“, изјави нивната мајка, Кристин Латковски.

Can't miss performance from #JAMfestDSN


Оставете коментар

___