• Сподели на:

Конечно е откриено зошто мажите заспиваат по секс

___

Жените на своите партнери често им замеруваат што по тркалањето по чаршафите се вртат на другата страна и заспиваат за една минута, но се чини дека за тоа постои оправдана причина. Иако звучи неверојатно, едно истражување тврди дека припадниците на посилниот пол во креветот попрво би заспале отколку да се галат, затоа што мозокот им е дизајниран да се „исклучи“ во одреден момент.

Француските научници го скенирале машкиот мозок пред и по оргазмот и заклучиле дека церебралниот кортекс, односно делот на мозокот одговорен за размислување по сексот се исклучува. Веднаш потоа, се вклучуваат други делови на мозокот кои и на останатите делови им „наредуваат“ да се деактивираат од сексуалната желба. Целиот овој процес го помагаат и окситоцинот и серотонинот со чие излачување многу бргу настапува сонот.

„Овие експерименти ни покажуваат што точно се случува во мозокот за време на оргазмот. Мажите по климаксот обично имаат период на „рестартирање“ во кој, додека трае, едноставно не можат да се возбудат. Кај жените тоа е малку поразлично, односно тие го немаат тој период и често им замеруваат на мажите дека заспиваат веднаш по акцијата. Но, кај мажите тоа е нормален процес“ – вели Серж Столер, лидер на групата научници од центарот за медицински истражувања INSERM (Institut National de la Santé et de la Recherche Médical).

Сепак, ова истражување не е единствено на оваа тема. Едно истражување од 2005 година покажало дека луѓето се единствените „животни“ кај кои спиењето и сексот се поврзани. Според истражувањето дури 48% од 10 илјади испитани мажи заспале веднаш по сексуалниот чин.


Оставете коментар

___