Во борбата против комарците и мувите помагаат билки од природата кои можете свежо да ги наберете и да ги ставите како декорација.
Комарците и мувите знаат да бидат вистинска напаст кога сме во природа, а особено кога правиме скара. Ова се неколку совети како со помош на билки да се ослободите од нив:
Во жарот додека правите скара ставете гранка рузмарин а како декорација на столчето ставете лимон пресечен на пола и во него ставете каранфилче. Ќе изгледа убаво и ќе шири освежувачки мирис кој никако не им се доаѓа на инсектите.
Во непосредна близина на терасата во жардињерите посадете билки кои ќе бидат ефикасни против овие напасти:
Маточината е вистинска легенда кога станува збор за бркање на муви. Етеричното масло кое го содржат овите билки и шират освежувачки мирис се покажале како одлични против летачките инсекти. Доколку ве касне комарец поминете го местото со свежо набрана маточина и чешањето веднаш ќе престане.
Лавандата не е само што на терасата и дава медитерански изглед, таа со мирисот се бори против мувите и комарците.
Ако сте љубител на егзотични билки а и на висечки корпи ваш избор во борба против овие инсекти може да биде и темјаниката.

You must be logged in to post a comment Login