• Сподели на:

Колку е склон на флерт вашиот хороскопски знак

___

Дали лесно паѓате на шарм или сте тешко освоива тврдина…

Овен

Лесен плен сте за искусните шармери и заводници, реагирате спонтано, нагонски на еротскиот повик за авантура. Можностите за флерт, демнеат од сите страни, тоа може да биде љубезниот колега или оној згодниот сосед кој не го трга погледот од вас. Грижа на совест кон постојаниот партнер, чувствувате откако се ќе заврши.

Бик

Иако вие сте тешко освоива тврдина, оној што добро ќе се потруди околу вас, може да ве заведе. Шансите му растат ако е упорен, нежен, ви подарува подароци, бонбониери и цвеќе, ако е покрај вас кога ви е потребна поддршка. Ако ве бакнува со часови, без да престане, нема да помислувате на постојаниот партнер.

Близнаци

Вас е лесно да ве заведат, тоа постојано го посакувате, бидејќи без флерт и авантури, животот не ви е доволно интересен. Дури и тогаш кога се заколнувате на верност кон постојаниот партнер, големи се шансите да “паднете” на нечиј шарм. Можеби токму тогаш кога оној галантен колега ќе ве покани на кафе.

Рак

Иако сте посветени, мечтаете за авантура и за грев, особено ако партнерот ве запоставува. Тивка музика, опуштена атмосфера, искусен додворувач, кој ништо не препушта на случајот, ве влечат во авантура, од која секогаш излегувате уште посилни. За секој случај останувате во контакт со освојувачот или фаталниот заводник.

Лав

Иако сте многу темпераментни, не скршнувате туку така од правиот пат. За да ве освои некој мора да ви пружи многу повеќе од вашиот постојан партнер. Бидејќи околу принцезата треба добро да се потрудат. Дури откако ќе се уверите дека жртвата е принесена, додворувачот може да се надева на таен еротски состанок со вас.

Девица

Вие сте тврд орев којшто е тешко да се скрши. Вашата вродена смисла за реалност, ве спречува да влетате во непромислена авантура. Меѓутоа и тој ваш “стегнат” ерос може еднаш да попушти, и вие тогаш се препуштате на уживањето… можеби со оној насмеан, романтичен или шармантен колега.

Вага

Сакате да ве освојуваат долго, да ве шармираат… Сепак, на шармантен кавалер со убави манири, тешко можете да одолеете. Ако е дискретен и страствен, роден е за романса со вас. Иако уживате во играта на заведување и предавање со партнерот, сепак не го испуштате од вид, а ни од рака.

Шкорпија

Вие секогаш, па и во љубовта, играте на се или ништо. И сакате кога некој се бори за вас! Одолевате дури и на долготрајното додворување на оној згоден тип, кој ве голта со поглед во лифтот. Ако и барем малку се посомневате во верноста на партнерот, без грижа на совест се препуштате на соседот од приземје за тајна еротска опсесија.

Стрелец

Вие сте шармантни и насмеани, сакате да намигнувате, да оставате броеви на телефон. Знаете да бидете многу добри љубовници. Склони сте кон неконвенционални врски, сакате секс во природа, под ведро небо, во автомобил, на забава, пред публика.

Јарец

Склони сте кон авантури, но во мислите. Сепак вашите соништа понекогаш стануваат реалност. Оној кој ќе успее да ве фасцинира со неговите професионални успеси и општествен статус, има поголеми шанси да ве освои. Но, тоа не е доволно. Повеќе сакате сродна душа отколку романса, никој што ќе ве импонира но и ќе ве разбере.

Водолија

Вие, најчесто, паѓате на првиот впечаток, физичкиот изглед. Авантура без обврски ве привлекува, така секогаш го задржувате тоа што ви е најважно – личната слобода. Понекогаш е доволно пријателско смешкање и разговор за заеднички теми, па флертот да прерасне во нешто повеќе.

Риби

Вие не можете да живеете без љубов и оние погледи кои се кажуваат. Авантурите за вас се само бегство од суровиот свет, кој ве плаши. Вашиот топол и искрен пристап и искрите во очите можат да распалат еротски жар кој повеќето додворувачи. Вас може да ве освои само некој како вас, кому никогаш не му е доста од нежности и од љубов.


Оставете коментар

___