Врската помеѓу постар маж и млада жена и понатаму наидува на осудување, а се повеќе има примери и помеѓу постара жена и помлад маж. Истражени се предностите и недостатоците на двете опции.
Големата разлика во години помеѓу партнерите полека престанува да биде табу тема. На тоа можеме да се заблагодариме на холивудските ѕвезди, кои први собрале храброст да ги откријат своите врски во јавноста со доста помлади партнери. Секако, таквите врски и понатаму не се перципираат како најприродни.
Млада жена, постар маж
Многу жени кои се забавуваат со постар маж тоа го прават поради подсвесната желба некои да ги чува, фати за рака и да ги поведе низ животот. Тие постари мажи најчесто се успешни, зад себе веќе имаат изградена кариера и се способни да помогнат, дали финансиски, дали со некој совет. Од друга страна, тоа често може да прерасне во наредување и пракса да тој маж учи за животот и дека треба да се слуша.
Постара жена, помлад маж
Ова би можело да биде добро решение и поради народната изрека: таа знае, а тој може. Помлад партнер бара потпора и верува во искуството на позрелата жена. Жената може да избере доста помлад партнер од желба за подмладување како и поради можно неостварено мајчинство, па преку мажот се обидува некој да воспита.
ИДЕАЛНА РАЗЛИКА:
Психолозите сметаат дека идеална разлика помеѓу партнерите е седум години и дека малку подобра варијанта е кога мажот е постар.

You must be logged in to post a comment Login