Ќерката на сопственикот на Формула 1 Берни Еклстон Тамара одлучила да се впушти во натпреварување за една од најскапите зданија во Америка – имотот „Fler de Lis“ за кој таа понудила 125 милиони долари.
Во светот на американските недвижнини трае мала сестринска битка – ќерките на милјардерот Берни Еклстон, Петра и Тамара, не ја кријат својата склоност кон раскошното, помпезните недвижнини па така постарата ќерка одлучи дека ќе ја купи „Fler de Lis“, имот кој се смета за второ на листата од најскапи куќи во Америка. Овој имот во калифорнискиот Бел Еруприпадало на основачот на Метро мрежата Дејвид Саперстајн и неговата бивша сопруга Сузана, на маркетот се најде после нивниот развод, пренесуваат медиумите.
Проектирано е според угледот на Версај и другите француски палати, а во повеќе од три илјади квадрати ќе најдете и ѕидови покриени со италијански мермер и кожа со златна интарзија, балска сала со фрески на таваницата, две раскошни кујни и библиотека преполна со ретки први изданија… Во куќата до базенот сместена е теретана, соба за масажа и уште една кујна, а градината е навистина неодолива…
За да ја добиете вистинската претстава, погледнете ги сликите кои следуваат…














You must be logged in to post a comment Login