Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____лајфстајл features

Кој хороскопски знак им робува на модните трендови…Шкорпијата носи модели од кожа, Бикот не ги прифаќа по секоја цена

Близнаците го сакаат младешкиот стил, Лавот секогаш е максимално среден, а Вагата е склона кон импулсивен шопинг

Иако модата е важен дел од секоја личност која се грижи за својот изглед, хороскопските знаци не ги сакаат истите модни трендови.

Овен

Жената Овен сака да се облекува како дама или комплетно спортски, но најважно и е каков впечаток ќе остави на околината. Таква е и со фризурата – или има долга, таласаста коса која ја носи собрана или кратка, скоро машка фризура. Често ги истакнува своите нозе и својот секси имиџ, а омилените бои и се темно-црвена, сина и црна. Мажот Овен го сака спортскиот стил, додека е помлад носи војнички дезени, но со годините гради посериозен имиџ, па што и да облече, делува како некој кој не треба да се критикува.

Бик

Бикот не сака слепо да ги прати сите модни трендови, но се случува да оди од една во друга крајност. Тоа значи, или има целосно опуштен однос кон модата и има боемски стил на облекување или носи само брендирана облека. И кога во орманот нема многу облека, мажот Бик умее совршено да ги вклопи, а неговите најомилени бои се зелената и бојата на виното. Жената Бик сака со својата облека да ги истакне своите главни адути – гради, половина и фризура, бидејќи најчесто има густа, долга коса, а од накит преферира злато.

 devojka-sa-sesirom-1394888002-30198

Близнаци

Модните креатори и дизајнери постојат, меѓу другото, и поради Близнаците кои (како и Вагите и Стрелците) најмногу ги пратат најновите трендови. Го сакаат младешкиот стил, колку и да имаат години, а особено им лежи спортската гардероба. Фармерките и брендираните патики, по можност да се од најпознатите светски брендови, на двата пола им стојат одлично, бидејќи сакаат “unisex” парчиња. Модниот детал на кој тешко можат да му одолеат е украсниот циркон на забите.

Рак

Скапа кожна јакна, добри фармерки со уште подобар ремен, маица со “fancy” апликација, тетоважа на набилданите мускули…така машкиот Рак (посебно додека е млад) го привлекува вниманието на спротивниот пол. Жената Рак сака да го истакне својот главен адут – градите, најчесто во деколтиран црн фустан, а не поднесува синтетички материјали и unisex облека. Навистина се грижат за својата коса која редовно ја негуваат со помош на нивните “тајни” рецепти наследени од нивните родители.

 devojka-u-farmerkama-1394888493-30200

Лав

Што и да облече, “Лавот” знае да го носи, и во повеќето случаи делува елегантно и отмено, но  “Лавицата” знае да се облече и премногу нападно, кое се граничи со кичот. Доколку е дамски тип, обожува крзно, не излегува од дома без шминка, секогаш е дотерана, понекогаш делува и ексцентрично. Мажот Лав не се натрупува со гардероба, туку има неколку, добри парчиња облека. За него едноставно се “лепат” скапите работи, а доколку заборави да стави парфем или лосион после бричење, се враќа дома или има резервен во автомобилот.

Девица

Носи само облека изработена од природни материјали (памук, свила, волна) и не жали да плати нешто што е навистина квалитетно. Поради манекенската градба, особено во помладите години, жената Девица што и да облече, делува префинето, понекогаш и ексцентрично, бидејќи сака да комбинира модни трендови. Мажот Девица е со вродено чувство за елеганција, затоа не се трудат слепо да ја пратат модата, бидејќи знаат да се средат, како да излегле од насловна страна од некој моден магазин.

 devojka-na-jahti-1393618027-28514

Вага

Многу држат до својот физички изглед, склони кон импулсивно купување (особено на модни додатоци) се заљубуваат на прв поглед во некое парче облека или тиркизен накит, штом го видат на излог. Жената Вага често го менува своето мислење, па прво на својата пријателка на телефон ќе и го опише секој детаљ на фустанот или сандалите кои сака да ги купи. Мажот Вага негува спортско-елегантен стил, без да стави парфем не излегува , а на фризер не оди само да ја потскрати својата коса, туку затоа што ужива во целиот третман.

Шкорпија

Се што ќе облечат делува скапоцено и отмено, а таа навистина ужива да носи модели од кожа (најдобро изработена), додека најомилена боја и се црната и темно зелената. Жената Шкорпија повеќе сака облека во која ќе изгледа позаводливо, отколку елегантно и, наместо фустани, носи совршено скроени одела во комбинација со бела сатенска кошула, високи потпетици, а со шминката ќе ги истакне најмногу очите – нејзиниот најголем адут.

 devojka-kozne-pantalone-1385066345-20428

Стрелец

Секогаш ги прати модните трендови, било да пронајде нешто во некој нов трговски центар, елитен бутик или маалска продавничка. Што и да облече, на него делува елегантно и скапо, а жената Стрелец умее да се подготви за пет минути и да изгледа совршено, особено со некој оригинален шешир. Со џинсот никогаш не може да погреши, а најчесто добро им стојат мини здолништа или кратки панталони во песок боја. Мажот Стрелец  го сака стилот “ a la Antonio Banderas” и задолжително има очила за сонце и скапи мокасини или сандали.

Јарец

На жената Јарец и треба малку време додека го пронајде својот стил, и посрамежливо ги истакнува својата витка фигура и нозе. Таа попрво би облекла добро скроени одела или панталони, отколку кратко здолниште, но за посебни прилики знае да облече романтични, лелеави фустани во сина или виолетова боја, во комбинација со болеро. Мажот Јарец го прифаќа деловниот дрес-код како нешто најнормално, колку и да отскокнува од неговиот приватен, воглавно ноншалантен стил на облекување.

 devojka-1394475228-29818

Водолија

Не ја пратат модата, но затоа таа ги прати нив, бидејќи лансираат некоја гардероба, барем шест месеци пред да стане моден тренд. Носи најквалитетни трговски марки, од облека, обувки и парфеми, а часовници обожува. Иако делува лежерно и неформално, го цени дрес-кодот, особено на работа, а на театарска премиера доаѓа во брендирана тренерка, но косата и е секогаш чиста или штотуку исфенирана. Мажите сакаат да делуваат мистериозно, а истовремено допадливо, а жените пак повеќе од заводливо (подготвени се и на естетска хируршка интервенција).

Риби

Таа знае добро да одбере што и стои, дури и кога има некој килограм повеќе, па секогаш изгледа женствено и малку пософистицирано. Носи деколтирани фустани или блузи, бидејќи сака да ги истакне своите гради, а ѓерданите и се, по прстените, еден од најомилените парчиња накит. Често има некој атрактивен лак или француски маникир, носи брезлетна околу глуждот на нозете, додека пак, машките Риби само глумат дека не им е грижа како изгледаат, но многу даваат на квалитетна и удобна брендирана облека.

devojka-u-zlatnoj-haljini-1388145554-22910

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...