На Ракот му одговара бројот 4, што претставува сигурност, дом, огниште, додека на Девиците среќен број им е 6, а означува грижа за здравјето и секојдневните навики
Поврзаноста на астролошките знаци со број се гледа низ 12те астролошки куќи.
Овен
На Овенот му припаѓа бројот 1. Секогаш е прв, активен е, води и брза.
Бик
На Бикот му припаѓа бројот 2. Тој гледа секогаш нешто да има и да воспостави одредени вредности.
Близнаци
На Близнаците им припаѓа бројот 3. Изразена способност за комуникација и двојна природа. Среќен број му е и бројот 2.
Рак
На Ракот му одговара бројот 4. Тој број претставува сигурност, дом, огниште.
Лав
На Лавот му припаѓа бројот 5. Овој број ја означува неговата природа, склоноста кон театралност, спорт, деца и млади.
Девица
На Девиците им припаѓа бројот 6. Склоност кон работа, навики, грижа за здравјето и медицината.
Вага
На Вагата и припаѓа бројот 7. Овој број означува партнерство, брак и функционирање во двојка.
Шкорпија
На Шкорпијата и припаѓа бројот 8. Ги опишува борбата, страста, вознесението од пепелта, трансформацијата на сексуалноста.
Стрелец
На Стрелецот му одговара бројот 9. Ги карактеризира религијата, филозофијата, слободата и далечината.
Јарец
На Јарецот му одговара бројот 10. Се поврзува со напредување, статус, кариера.
Водолија
На Водолијата и одговара бројот 11. Ги карактеризира пријателството, хуманоста, социјалните служби.
Риби
На Рибите им одговара бројот 12. Овој број претставува сон, потсвест, имагинација, лудница, затвор.

You must be logged in to post a comment Login