• Сподели на:

Кои критериуми не треба да ги спуштите заради љубовта

___

Очекувањето дека партнерот треба да ве третира како принцеза е една од работите кај кои нема компромис.

Постојат критериуми кои не смеете да помислите да ги спуштите заради некој маж:

1. Првокласен третман
Очекувањето дека партнерот треба да ве третира како принцеза е една од работите кај кои нема компромис. Секако дека животот не е бајка, но тој треба да ве третира како највредното нешто во својот живот.

2. Допринос за заедница
За жал, колку и да сакаме да бидеме позитивни, свесни сме за сѐ што се случува околу нас и не носиме розови очила. Нормално е ако тој моментално нема работа, но мора да се труди да ја најде. Во ред е ако вие сте таа што моментално носи пари во домот, но во тој период тој за возврат треба да ги извршува домашните работи. Треба и тој да даде свој допринос во заедничкото живеење.

 

3. Неверство
Ако ве изневерува, не глумете дека сѐ е во ред и не се тешете дека сите мажи се такви. Неверството никогаш не е прифатливо, како ни чувството дека не вредите ништо.

 

4. Физичка привлечност
Никој не вели дека треба да го најдете најзгодниот маж во градот, но тој на некој начин мора да ве привлекува. Ако меѓу вас не постои хемија, може да биде добар колку сака, тоа нема да биде тоа. Продолжете понатака и немојте поради тоа да се чувствувате лошо. Еден ден ќе го најдете “оној вистинскиот”.

 

5. Заеднички интереси
Спротивностите се привлекуваат? Вистина е, ама само за кратко. Ако се разликувате буквално во сѐ, тешко дека ќе имате нормален и природен однос. Не значи дека треба да најдете некој кој е ист како вас, но сепак убаво е да имате барем наколку заеднички интереси.

6. Среќа
Тој може да ви даде љубов, дом, мир, но ако не ве прави среќна сето тоа е еднакво на нула. Зар смислата на животот не е во тоа да бидеме среќни?

 

 


Оставете коментар

___